10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

По секое раскинување, девојките се чувствуваат безвредно и несигурно. Па затоа, преболувањето вклучува и правење работи кои ќе ги потсетат поранешните партнери на она што го изгубиле. Тоа е сосема безопасно, сѐ додека не ги преминува границите на нормалата. Погледнете кои работи ги прават девојките за да предизвикаат љубомора кај бившите…

10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

1. Прават селфи со нивната нова фризура

Новата фризура е многу возбудлив настан во животот на секоја девојка. Кога конечно ќе ја бојадисате косата во боите на виножитото, секако дека тоа треба да се овековечи со фотографија на Инстаграм.

2. Објавуваат стари секси фотографии

Можеби за први април сте се маскирале во згодна жена мачка, па сакате да ги потсетите на тој ваш блескав момент сите ваши следбеници на Инстаграм, вклучувајќи го и вашиот поранешен партнер. Сега е време да ја објавите онаа фотографија по костим за капење од одморот пред 3 години! На тој начин ќе се потсетите дека отсекогаш сте биле прекрасни и дека нема од што да се срамите.

3. Објавуваат мистериозни фотографии од ручек

Вие ручате заедно со вашата најдобра пријателка, но вашиот поранешен партнер не мора да го знае тоа. Вистинската пријателка ќе ви дозволи да ја исечете од фотографијата и да ја оставите само нејзината чинија на неа. Тоа ќе отвори многу прашања кај вашите следбеници!

4. Се сликаат со цело друштво

Обично вие сте срамежливи и никогаш не предложувате да направите групно селфи. Но, кога сакате да му покажете на бившиот колку многу уживате во сингл животот, работите се менуваат. Секој ден излегувате и се сликате, обидувајќи се да покажете дека воопшто не сте осамени.

5. Објавуваат фотографии со згодниот пријател

Филип навистина ви е само пријател и ништо повеќе, но вашиот бивш дечко сигурно ќе си помисли дека оваа копија на Џони Деп е вашата нова љубов. Секако, дека срцата што сте ги додале на фотографијата нема да му ги разјаснат работите на вашиот поранешен партнер, туку само дополнително ќе го збунат.

10 безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите

6. Се дотеруваат кога знаат дека ќе го сретнат бившиот

Според правилата на природата, ќе го видите вашиот поранешен партнер токму тогаш кога косата ќе ви изгледа ужасно и сте излегле со дамка од кечап на маицата. Но, за среќа, тука се родендените на заедничките пријатели кои ќе ви дадат можност да се оправдате. Тогаш го облекувате вашиот прекрасен нов фустан кој ги истакнува вашите атрибути, но никако не признавате дека го правите тоа поради некого.

7. Се трудат да разговараат со нови луѓе, особено со потенцијалните партнери

Кога сте во долга врска, не мора да се трудите да разговарате и да бидете фини со сите луѓе што ќе ги запознаете. Но, сингл животот е поинаков, особено ако сакате да најдете нова љубов. Да не ни почнуваме да зборуваме за моментот кога вашиот бивш дечко ќе фрли поглед кон вас и вие одеднаш станувате неверојатно зборлести со момчето до вас.

8. Објавуваат фотографии од згодни славни личности

Иако знаете дека нема шанси навистина да бидете со Бред Пит, вие сакате да оставите впечаток дека гледате други мажи и дека воопшто не сте заинтересирани за вашиот поранешен партнер.

9. Го употребуваат зборот „љубовен состанок“ секогаш кога ќе се укаже прилика

Сите знаат дека се обидувате да продолжите понатаму и да запознавате нови луѓе, но тоа не значи дека не треба да го потенцирате тоа секогаш кога ќе добиете можност за тоа.

10. Им кажуваат на нивните заеднички пријатели колку се среќни

Знаете дека ако вашиот поранешен партнер дознае дека изгледате и се чувствувате најдобро од кога било, нема да му биде сеедно. Токму затоа, вие одите поисправено од вообичаено и се обидувате да не се фалите премногу со сите успеси што сте ги постигнале, како и со познатиот манекен кој ве викнал на љубовен состанок. Вашата поранешна љубов не мора да го знае она што го знаат само вашите најдобри пријатели: Дека понекогаш заспивате со огромна кутија сладолед пред вас гледајќи ја омилената серија.

Доколку сте во врска, но имате проблем со љубомората, прочитајте како да се справите со љубоморниот дечко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар