Како влијае стресот за време на бременоста врз детето? - Part 2

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

5. Го зголемува нивото на анксиозност и страв

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Високото ниво на кортизол кај бремената жена го прави детето посклоно на стрес во иднината. Децата искусуваат страв кога се изложени на едноставни предизвици, како влегување на странец во просторијата или подавање на топка. Обично детето би почнало да си игра, но овие деца или се парализираат или бегаат кај нивните мајки. Мајките забележале дека овие деца покажуваат повеќе анксиозност и повеќе им е страв да одат на училиште.

Не сите видови стрес се исти

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Можеби сега сакате да ја избегнете секоја стресна ситуација, да се сокриете од светот и постојано да медитирате. Но, заборавете на тоа. Истражувањата покажале дека краткорочниот стрес не му штети на бебето. Долгорочниот стрес од друга страна, го зголемува ризикот од овие последици.

Како да се справите со стресот?

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

За среќа, стресот не е нешто со коешто не можете да се справите. Секогаш има начин да го држите под контрола.

  • Бидете свесни што јадете и кога. Не испуштајте го појадокот и консумирајте повеќе овошје, зеленчук, риба и продукти од цели зрна. Обидете се секој ден да јадете во исто време.
  • Вежбајте. Бременоста не значи дека не треба да се мрднете од креветот. Прошетајте се во парк, одете на базен или правете лесни аеробни вежби. Вежбањето ќе ви го подобри расположението и ќе направи да заборавите на стресот.
  • Медитирајте. Познато е влијанието на медитацијата врз стресот и анксиозноста, па зошто да не ѝ дадете шанса?
  • Опкружете се со луѓе што ве прават среќни. Разговорот со семејството или пријателите кои можат да ве поддржат сигурно ќе ви го подобри денот.
  • Запишете што ве мачи. Оваа едноставна вежба ќе го намали интензитетот на негативни емоции.
  • Уживајте во вашето хоби, или најдете некое ново. На овој начин ќе бидете зафатени и нема премногу да размислувате за сите проблеми.
  • Спијте повеќе. Ова нема да ви ги реши сите проблеми, но ќе го одмори вашето тело и ќе го зачува здравјето на бебето.
  • Разговарајте со професионалец. Ако не можете да се справите сами, побарајте професионална помош. Променливото расположение може да биде знак за депресија, или пак стресот можеби е премногу интензивен за вас. Не плашете се да побарате помош доколку ви е потребна.

Може да се спречи влијанието на стресот

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Истражувањата покажале дека стресот може да биде корисен ако бебето е во добра околина по раѓањето. Зголеменото ниво на кортизолот во матката може да предизвика пластичност во развивањето. Децата кои биле добро одгледувани по раѓањето, не покажале знаци на зголемена анксиозност.

Друго истражување покажало дека силната врска помеѓу мајката и детето може да го намали влијанието на стресот во матката.

Дознајте и дали стресот навистина влијае на плодноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар