12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени - Part 2

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

7. Ендометриозата се лекува со хистеректомија

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Многу жени со ендометриоза подлегнуваат на хистеректомија за да ја намалат болката и да го подобрат квалитетот на животот. Но и ова не е перманентно решение. Ендометриозата ќе продолжи и со и без матка.

8. Само жените помеѓу 25 и 35 години можат да добијат ендометриоза

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Овој мит е поради тоа што најчесто се дијагностицираат жени на оваа возраст. Но секоја жена што имала менструација може да ја добие болеста. Покрај тоа, иако е ретко, можно е болеста да се појави и кај мажите.

9. Ендометриозата значи неплодност

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Болеста долго време е поврзувана со неплодноста, но не се знае колку точно пациенти имаат проблеми со неплодноста. Сепак многу жени со ендометриоза не ни пробуваат да имаат деца.

10. Ендометриозата може да е последица од психолошка траума

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Многу жени се под стрес поради самата состојба, а ова може да има лошо влијание на животот. Сепак нема никакви докази дека психолошката траума може да биде причина за болеста.

11. Премногу болните менструации се нормални

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Причината зошто многу жени и девојки не се дијагностицирани со болеста е тоа што сметаат дека силните болки за време на менструацијата се сосема нормални. Болките се нормални, но ако болката ве спречува да ги извршувате секојдневните обврски, потребно е да посетите лекар.

12. Жените со ендометриоза само ја преувеличуваат нивната болка

12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Ендометриозата е реална болест и може да биде видена во телата на пациентите. Луѓето со оваа болест не ја преувеличуваат болката и не лажат за неа.

Погледнете и кои се менструалните проблеми што не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар