Звуци и песни кои најмногу ја релаксираат човечката душа

Звуци и песни кои најмногу ја релаксираат човечката душа

Ви треба одмор, а не знаете како да се релаксирате и да го оттргнете сите грижи од вашите мисли? Тогаш продолжете да читате…Звуци и песни кои најмногу ја релаксираат човечката душаБританците правеле истражување за тоа кои звуци најмногу ги релаксираат, а кои ги нервираат. Притоа, звукот на бранови кои удираат во карпи, го прогласиле за најомилен звук. Втор омилен им е звукот на дождовните капки кои удираат во прозорецот, а за поголемиот број Британци тоа претставува секојдневен звук, со оглед на честите дождови во оваа држава. На трето место се наоѓа звукот на газењето со чевелот врз свежо паднат снег, потоа насмевката на бебињата и звукот додека се пржи сланина.

Овие звуци ни ги будат сеќавањата за убавите времиња или ни создаваат очекување дека набрзо нешто убаво ќе се случи“ – вели претставник на забавниот парк Дрејтон Манор, кој го спровел ова истражување.

На самото дно на листата, се наоѓаат звуците кои на Британците најмалку им се допаѓаат, а тоа е звукот на нокти кои гребат по табла, звукот на алармот и звукот на турбините кога забарот поправа заб.
Звуци и песни кои најмногу ја релаксираат човечката душаИнаку минатата година, бендот од Манчестер „Marconi Union“ заедно со група звучни терапевти спроведоа истражување и ја создадоа најрелаксирачката песна во светот т.н. „Weightless“. Во оваа песна има одбрани специфични ритми, тонови, фреквенции и интервали кои го опуштаат слушателот. Континуираниот ритам на песната од 60 битови во минута, е идеален за синхронизација на мозочните бранови и отчукувањата на срцето, а воедно и го намалува крвниот притисок, што ја прави оваа песна одлична придружба за квалитетен сон.

Многу е важно песната да биде долга 8 минути, бидејќи потребни се 5 минути за да започне овој процес. Хармоничните интервали и прекини помеѓу нотите се специјално избрани за да создаваат чувство на еуфорија и комфор кај слушателот. Воедно, нема мелодија која се повторува, што пак му овозможува на мозокот тотално да се исклучи, бидејќи повеќе нема да се обидува да предвиди кој ритам следува. Наместо тоа, има „рандом“ звуци, кои создаваат длабоко чувство на релаксација. Повисоките тонови стимулираат, а пониските ве ставаат во „транс“ состојба. Оваа песна е на прво место од листата топ 10 најрелаксирачки песни.

1. Marconi Union – Weightless
2. Airstream – Electra

3. DJ Shah – Mellomaniac (Chill Out Mix)

4. Enya – Watermark

5. Coldplay – Strawberry Swing

6. Barcelona – Please Don’t Go

7. All Saints – Pure Shores

8. Adele – Someone Like You

9. Mozart – Canzonetta Sull’aria

10. Cafe Del Mar – We Can Fly



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. ema ema ema Reply

    wow mnogu e ubava pesnata, mislam stvarno relaksira. treba samo da legnete, zatvorite oci i slusate… prekrasno

Напиши одговор на ema ema ema Откажи одговор