Зрак светлина го означува моментот кога сперматозоидот навлегува во јајце клетката

Човечкиот живот започнува со зрак светлина. Моментот кога сперматозоидот се пробива во јајце клетката настанува краток блесок кој научниците за прв пат успеале да го снимаат.

Зрак светлина го означува моментот кога сперматозоидот навлегува во јајце клетката

Експлозија од мали искри излегува од јајце клетката во моментот на зачнувањето. Научниците го имале видено овој феномен кај други животни, но ова е прв пат да се забележи и кај луѓе. Не само што ова изгледа неверојатно, туку јачината на блесокот може да го одреди квалитетот на оплодената јајце клетка.

Научниците од Северозападниот Универзитет во Чикаго забележале дека некои јајце клетки светат посилно од другите, со тоа покажувајќи дека имаат поголеми шанси за здраво бебе.

Светлината е резултат на бран од калциум кој ја тера јајце клетката да испушти цинк кога сперматозоидот влегува во неа. Како што излегува, цинкот се поврзува во мали молекули кои емитираат светлина што може да се забележи со микроскопска камера.

Во последните 6 години тимот покажал дека цинкот ја контролира одлуката за растење и се менува во целосно нов генетски организам.

Во експериментот научниците користат ензими од сперма наместо вистинска сперма за да покажат што се случува во моментот на зачнување.

„Овие микроскопски истражувања покажуваат дека искрата од цинкот се случува и кај човечката јајце клетка и може да биде набљудувана надвор од клетката“, изјавил професор Том О’Халоран.

Во друг труд објавен во списанието Scientific Reports на 18-ти март, прикажана е искра од цинк во моментот кога сперматозоид влегува во јајце клетка од глушец. Откритието е направено од Нан Џанг, студент на докторски студии на универзитетот. Малку е познато за она што се случува во моментот на зачнувањето бидејќи е навистина тешко да се долови точниот момент кога сперматозоидот навлегува во јајце клетката. Но, тоа не ги спречува научниците да продолжат да истражуваат.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар