Зошто жените се сметаат за лоши возачи?

Сигурно веќе имате слушнато дека жените се полоши возачи во однос на мажите и на некој начин ова е точно, но не сосема. Дали сте се запрашале зошто е тоа така? Жените седат зад воланот преморени, додека возат ги користат своите мобилни телефони, ги смируваат бебињата додека плачат…

Зошто жените се сметаат за лоши возачи?

Постојат многу студии кои вклучувале тестирање на жените и нивната способност да возат. Со нивна помош било утврдено дека оние жени кои имаат деца помали од 2 години, се многу ризични возачи. И покрај тоа што тие велат дека се многу внимателни додека возат, фактите го покажуваат спротивното. Многу мајки кажуваат дека поставувањето на седиштето за бебе во автомобилот е многу комплициран процес. Но, мајките и татковците не смеат да ги возат децата без такво седиште, затоа што тоа ја зголемува безбедноста на децата. Дали сте знаеле дека 3 од 4 бебешки седишта не се соодветно наместени во автомобилот? Тоа е затоа што жените кои се мајки секогаш брзаат да одат некаде и немаат доволно време да ги прочитаат упатствата или да побараат помош. Па, следниот пат пред да треба да го наместите седиштето за бебиња во вашиот автомобил, осигурете се дека тоа го правите правилно, а ако не можете самите, побарајте помош.

Повеќето родители признаваат дека им е тешко да се фокусираат само на една задача, затоа што улогата на родител е многу тешка и бара многу енергија, па имаат недостаток на концентрација. Тие дури прават повеќе од една работа додека нивните деца седат на задното седиште во автомобилот, како на пример ја проверуваат нивната електронска пошта, испраќаат пораки и слично. Ако имате обврски кои го бараат вашето внимание, паркирајте се некаде настрана и јавете се или испратете ја пораката што ви треба. Исто така, ако вашето дете плаче или му треба нешто, подобро е да застанете со автомобилот на некое безбедно место и да го направите она што треба. Никогаш не брзајте да го однесете вашето дете во училиште или во градинка само затоа што доцните. Неколку минути нема да направат голема разлика, а безбедноста на вашите деца секогаш треба да ви биде на прво место.

Зошто жените се сметаат за лоши возачи?

Експертите советуваат да не ги користите мобилните телефони додека возите. Истражувањата покажуваат дека жените зборуваат на телефон додека возат, а многу од нив и пишуваат пораки. Студиите покажале дека користењето мобилен телефон за време на возењето ја зголемува можноста за автомобилска несреќа, која е еднаква со ризикот кој постои додека се вози во алкохолизирана состојба. Експертите велат дека само една ноќ без спиење драстично ги забавува рефлексните реакции, а во случај на хроничен замор се случува возачот и да заспие на воланот, без да го забележи тоа.

Па, пред да ги земете вашите клучеви, запрашајте се дали е потребно да возите и дали сте доволно одморени. Ако не сте во состојба да го направите тоа, замолете да ви помогне некој од вашите блиски. Вашата и безбедноста на другите треба да ви биде приоритет!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар