Зошто Закинтос да биде вашата летна дестинација?

Зошто Закинтос да биде вашата летна дестинација?

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Закинтос

Сѐ уште се двоумите каде да го поминете долго очекуваниот одмор? Доколку една од потенцијалните дестинации ви е прекрасниот јонски остров Закинтос, еве неколку причини зошто да отпатувате токму таму…

zoshto-zakintos-da-bide-vashata-letna-destinacija-kafepauza.mk

1. Закинтос, познат уште и како Занте, претставува возбудлива дестинација за летните одмори. Овој остров ви нуди можности за креативни, опуштени и авантуристички одмори, нешто што ќе ги задоволи вкусовите и на оние што сакаат мирен, семеен одмор, но и на оние што се во потрага по нешто необично, романтично, забавно…

2. Закинтос претставува центар на забавите во целиот јонски регион на Грција, брегот на островот е обвиен со преку 130 километри прекрасни плажи, централната маса е прекриена со неверојатно бујна вегетација која ги одмара очите и ги полни градите со чист воздух, но покрај тоа, постојат уште десетици причини зошто да тргнете кон Закинтос.

3. Закинтос е местото каде што се гнездат морските желки карета, кои се заштитен вид. На неколку плажи во близината на Василикос ќе имате уникатна можност да ги погледнете нивните гнезда.

4. Сместувачките капацитети на овој остров ги нудат сите погодности на модерното време, а не го загрозуваат балансот на природата. Како ретко каде, Закинтос нуди совршен спој на урбаното и дивото, нескротеното.

5. На островот се наоѓаат огромен број споменици и археолошки наоѓалишта, кои сведочат не само за сјајниот антички период, туку и за бурното средновековие, кога Закинтос се наоѓал под власт на Венеција.

6. Жителите на Закинтос имаат огромна почит кон уметноста и културата, прифаќајќи ги за своевиден начин на живот, а сето тоа се пренесува и во односот кон туристите.

7. На Закинтос се изградени голем број цркви и манастири во уникатно опкружување, места кои ги мамат сите верници, но и луѓето кои уживаат во природните убавини.

8. Засуканиот брод на плажата Навагио е една од најпопуларните туристички атракции во цела Грција и можеби најфотографираното место во оваа земја.

9. Закинтос изобилува со уникатна флора. Специфичните цвеќиња кои виреат на островот оддаваат специфичен сладок мирис некаде по зајдисонцето.

10. Закинтос е можеби последното место во Грција, каде што е зачувана автентичноста на таверните. Неретко, таму можете да видите како келнерите ја прекинуваат работата, земаат гитара и започнуваат да ги забавуваат гостите, како во старите, добри времиња.

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Закинтос

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар