Зошто треба да му се насмевнувате на вашето куче?

Зошто треба да му се насмевнувате на вашето куче?

Научниците долго време се труделе да сфатат како настанува довербата помеѓу кучињата и човекот. Но, изгледа конечно се нашол одговор на ова прашања. Едно неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Хелсинки покажало дека кучињата без престан ги следат изразите на нашето лице и дека реагираат токму според нив.

zoshto-treba-da-mu-se-nasmevnuvate-na-vasheto-kuche-www.kafepauza.mk

Па, можете да претпоставите зошто секогаш треба да му се насмевнувате на вашето куче? Според резултатите од истражувањето, хормонот окситоцин ја има главната улога во интеракцијата меѓу кучињата и луѓето. Благонаклонетоста и довербата се стекнуваат многу едноставно, односно со само една насмевка што создава испуштање на љубовниот хормон – окситоцин.

За да ја потврдат својата теорија, истражувачите спровеле експеримент во кој на група кучиња им покажале фотографии од насмеани и лути лица. Реакцијата на фотографијата кај кучињата била мерена со помош на направа за следење очи. Како што можете и самите да претпоставите, лутите лица им предизвикувале непријатни емоции и тие се подготвувале за реакција (бегање или напад), додека пак, насмеаните лица им предизвикувале пријатни емоции, и тие се чувствувале удобно и безбедно додека ги гледале.

Имајќи го сè ова на ум, најдоброто нешто што можете да го направите за вашето куче е да му се насмевнувате секојпат кога ќе го погледнете. Тоа ќе се чувствува многу побезбедно и поопуштено во ваша близина и многу побрзо ќе создадете близок однос, полн со љубов.

Кога сме веќе кај смеењето, погледнете ги и овие фотографии со кучиња со марами на главата кои личат на баби!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар