Зошто среќните парови се подебели?

Среќниот брак предизвикува зголемување на тежината, а задоволството во љубовта има негативен ефект на физичкиот изглед, покажува истражувањето на Универзитетот во Далас, каде следеле брачни парови, 4 години откако се земале.

Зошто среќните парови се подебели?

Причината поради која среќата е поврзана со зголемувањето на тежината ја пронаоѓаат во опуштањето т.е. фактот што брачните партнери се чувствуваат сакано и не водат грижа дали со физичкиот изглед ќе го задржат партнерот.

Во среќните бракови дебелеењето не настанува нагло, туку со текот на времето, додека во нестабилните врски партнерите не покажуваат тенденција да ја зголемуваат телесната тежина.

„Заљубените младенци се дебелеат бидејќи не посветуваат внимание на својот физички изглед, додека оние кои размислуваат за раскинување, сакаат да изгледаат фит за потоа полесно да можат да пронајдат нов партнер“ – вели Андреа Мелцер, која го има правено ова истражување.

Исто така, таа додава дека иако ваквото опуштање во врската докажува самодоверба и верба во врската, сепак може да има негативни здравствени последици, поради зголемениот ризик од дијабетес и срцеви болести, кои се тесно поврзани со дебелеењето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар