Зошто сестра ти ти е најдобра другарка?

Во животот се стекнуваме со многу привремени и трајни другари и другарки, но врската со сестрата е посебна. Таа не е само сестра, таа е истовремено и најзабавната, најискрената и најдобрата другарка која некогаш ќе ја имаш. Еве некои од причините зошто е тоа така.

Зошто сестра ти ти е најдобра другарка?

Кога останувате дома во петок навечер, заедно гледате филмови цела ноќ.

А кога излегувате заедно во град си поминувате незаборавно.

Се возите заедно во кола со гласна музика и пеете без срам.

Таа не се воздржува да ти ја каже суровата вистина.

Сестра ти те засмева до степен што не можеш да се контролираш.

Многу пати би ги откачила сите другарки за да си се дружиш со неа.

Спиете во иста соба и секоја вечер ви е пижама-парти со безброј авантури и смеење до солзи.

Имате тајни кои знаете дека никогаш не би ги кажале на некој друг.

„Одите“ на кафе во кој било ден од денот.

Играте на спотови во дневната соба додека не ви се дома родителите.

Таа е тука за тебе кога ти е тешко и кога сакаш да се исплачеш.

Те поддржува во битните моменти од твојот живот, како кога се спремаш за тежок испит или одиш на интервјуа за работа.

Не се срамите една од друга да јадете огромни порции шпагети заедно.

Си позајмувате облека за излегување.

Ако некој се однесува лошо со тебе, таа ќе те заштити.

Имате направено доволно фотографии од вас за да наполните 2 големи албуми.

Имате ваши интерни шеги кои никој друг не ги разбира.

Таа редовно ти се јавува да те праша како си и што ти се случува во животот.

Сестра ти редовно ти стиска „лајк“ на сите статуси и фотографии, дури и кога никој друг не го прави тоа.

Имате кавги и се скубевте како мали, но сепак многу брзо се смирувате бидејќи не може да помине ни ден, а да не зборувате.

Сите ви љубоморат на врската која ја имате бидејќи никој нема сестринско-пријателски однос како вашиот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Одите“ на кафе во кој било ден од денот

  2. ....... Reply

    srce e sestra mi :)

Остави коментар