Зошто секој викенд треба да биде продолжен?

Зошто секој викенд треба да биде продолжен?

Сите ние ги обожаваме продолжените викенди. Потребни ни се тие дополнителни часови за да отпатуваме подалеку, да се дружиме со пријателите подолго време и да уживаме во повеќе зајдисонца. Нема сомнеж дека продолжените викенди прават да се чувствуваме подобро, но дали сте знаеле дека тие се исто така добри и за нашето здравје? Прочитајте зошто секој викенд би требало да трае 3 дена, преку целата година…

Зошто секој викенд треба да биде продолжен?

Кратките одмори во текот на целата година ќе го подобрат вашето здравје

Кратките одмори, особено ако се редовни, можеби се клучот за среќата на работното место. Според едно истражување, вработените кои често оделе на четиридневни одмори забележале значително подобрување на нивното здравје и општа благосостојба. А има ли подобар четиридневен одмор од продолжен викенд и неработен петок? Иако позитивните ефекти полека избледувале како што се ближел крајот на одморот, резултатите покажале дека учесниците во истражувањето кои биле порелаксирани и психички поослободени од стресот што ги чека на работа, подобро се чувствувале кога се вратиле. Исто така, учесниците кои за време на одморот потрошиле време на активности поврзани со работата, имале проблеми со здравјето кога се вратиле дома.

Долгите работни часови може да бидат опасни за вашето здравје

Доколку често ви се случува да заглавите во канцеларија за време на продолжениот викенд, знајте дека не му правите никаква услуга на вашето тело. Резултатите од едно истражување објавено во списание за медицина покажале дека работниците кои работеле 55 часа неделно или повеќе, биле изложени на 33% поголем ризик од мозочен удар и 13% поголем ризик од срцева болест, за разлика од оние кои работеле 40 часа неделно. Одговорниот за истражувањето и професор по епидемиологија на Универзитетот во Лондон, Мика Кивимаки, изјавил дека резултатите биле изненадувачки. Претходно тие откриле дека долгите работни часови се поврзани со појавата на дијабетес, но само кај оние со понизок социоекономски статус. Овој пат, поврзаноста со појавата на мозочен удар била забележана кај сите општествени групи.

Зошто секој викенд треба да биде продолжен?

Децата подобро ќе учат ако одат на училиште 4 дена во неделата

Скратената работна недела не е корисна само за работниците. Децата од основно училиште кои учествувале во програма со скратена училишна недела од 4 дена, покажале подобри резултати по математика од оние кои оделе на училиште 5 дена во неделата. Ова истражување било спроведено од страна на Универзитетите во Џорџија и Монтана и резултатите биле неверојатни. Истражувачите сметале дека ако наставниците имаат продолжен викенд, ќе имаат повеќе време да смислат различни и креативни методи на настава. Освен тоа, тие предвиделе дека училишната недела од 4 дена ќе го намали отсуството, бидејќи учениците кои имаат закажано на доктор и слични обврски, ќе можат да ги одложат за во петок и да не изгубат часови.

Од сето ова може да се заклучи дека продолжените викенди се добри за расположението, добри за учењето и добри за здравјето. Уште веднаш почнете да планирате каде ќе отпатувате следниот викенд!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар