Зошто се создава пивскиот стомак?

Грег Фут на својот Јутјуб канал „Head Squeeze“ одговара на различни прашања поврзани со консумацијата на пиво, а едно од нив е и прашањето зошто ни се формира т.н. пивски стомак.Зошто се создава пивскиот стомак?Во едно пиво има околу 150 калории и додека пиеме црниот дроб мора да работи повеќе отколку вообичаено, бидејќи најпрвин го согорува алкохолот во нашето тело, па после сè друго што сме јаделе. Ако на тој процес додадете уште неколку пакетчиња грицки и мрсна храна, тогаш станува прилично јасно зошто калориите остануваат во масното ткиво.

Но, од која причина се создава баш тој таканаречен пивски стомак? Одговорот е многу едноставен – староста и половите разлики. После 35-тата година, луѓето почнуваат побавно да ја разградуваат храната. Вишокот калории кај мажите се складира во стомакот, а кај жените на бутовите и задникот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар