Зошто се ежиме кога сме исплашени?

Зошто се ежиме кога сме исплашени?

Дали некогаш ви се случило од страв да ви се накострешат сите влакна на телото? Откријте ги петте фази низ кои поминува нашето тело кога се соочува со необјаснив страв. Д-р Шери Харт, асистент по неврологија на Универзитетот Охајо и д-р Весна Петрониќ-Росиќ, дерматолог од Универзитетот Чикаго објаснуваат зошто од страв ни се креваат влакната на телото.

Зошто се ежиме кога сме исплашени?

1. Алармот е активиран

Кога вашата амигдала (делот од мозокот задолжен за обработка на емоциите) регистрира некаква опасност, па дури и таа да е замислена (како кога ќе се соживеете со хорор филм), испраќа сигнал во контролниот центар – хипоталамусот.

2. Расте нивото на адреналинот

Возбуден од сигналот, вашиот хипоталамус го активира нервниот систем кој телото го префрла во фаза на реакцијата „бори се или бегај“. Вашата надбубрежна жлезда веќе е активирана и сега таа продуцира големи количества адреналин во крвотокот, што доведува до забрзување на работата на срцето. Истовремено, во нервните завршетоци на кожата се ослободува хормонот норадреналин.

3. Активирана е одбранбената реакција

Мозокот ви работи со 300 на саат и веќе почнувате да размислувате дека во овој момент едно малечко дете би можело одлично да ви се најде како човечки штит. Дишењето се забрзува, а срцето чука како лудо и тоа ја забрзува циркулацијата, па адреналинот брзо се шири низ телото. Тој така стигнува и до слојот на кожата познат како дерм. Тука адреналинот и норадреналинот го здружуваат своето дејство.

Микромускулите се собираат

Помеѓу органите кои ја активираат одбранбената функција, се наоѓаат мускули познати како аректорес пилорум. Тоа се мали мускули кои се наоѓаат до коренот на секое влакно од телото. Адреналинот и норадреналинот се врзуваат за овие мускули и им наредуваат да се соберат и да останат во таа положба се додека нѐ помине опасноста.

Кожата се ежи

Контракцијата на овие мали мускули доведува до подигнување на влакната и до создавање ситни израстоци на кожата, односно нејзино ежење. Оваа реакција сме ја стекнале со текот на еволуцијата и ја делиме со цицачите, како мачките или бодликавите прасиња. Но, разликата е во тоа што кога тие ќе се наежат изгледаат поголеми и поопасни, а ние изгледаме тажно и беспомошно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар