Зошто се будите рано по вечерта помината во пиење алкохол?

Ако сте испиле некоја чашка алкохол повеќе, сигурно сте заспале веднаш штом сте ја ставиле главата на перница. Меѓутоа, слаткиот сон трае само околу 4 часа и потоа се будите и се каете за сите одлуки кои довеле до мамурлакот што моментално го доживувате. Ако некогаш сте се запрашале зошто се будите рано по вечерта помината во пиење алкохол, верувајте дека не сте единствени. Освен што станува збор за една од најсуровите иронии на универзумот, тоа е и научно докажана појава. Па, зошто точно се случува ова?

Зошто се будите рано по вечерта помината во пиење алкохол?

Како што сигурно сте забележале, алкохолот ве прави толку поспани што можете да се „комирате“ на секоја можна површина. Според истражувањата, алкохолот навистина може да ви помогне да заспиете побрзо: Ако испиете САМО една чашка, алкохолот ќе го подобри квалитетот и траењето на сонот. Проблемот настанува кога ќе испиете повеќе. По два пијалаци, алкохолот целосно го нарушува сонот.

Во едно истражување од 2013 година, научниците докажале дека алкохолот им помага на луѓето да заспијат побрзо и за време на првата половина од вечерта го зголемува бавниот бран на спиењето. Оваа фаза, позната и како длабок сон, игра улога во создавањето сеќавања и е одговорна за намалувањето на потребата од спиење. Со други зборови, ако сте испиле неколку чашки алкохол, ќе спиете подлабоко.

Потоа доаѓа втората половина од ноќта, кога луѓето го доживуваат феноменот познат како „ефект на повраток“. Истражувачите Тимоти Роерс и Томас Рот ја анализирале врската меѓу алкохолот и спиењето и објасниле дека овој ефект се случува кога одредени физиолошки варијабли се менуваат во спротивна насока во согласност со промените предизвикани од алкохолот и дури и ги надминуваат нивоата на нормалата кога телото ќе се ослободи од алкохолот.

Зошто се будите рано по вечерта помината во пиење алкохол?

Во случај да сте заборавиле, алкохолот се смета за дрога и телото мора да се прилагоди на неговото влијание. Имено, кога алкохолот ќе се внесе во телото, тој го поттикнува сонот, односно го зголемува лачењето аденозин и го намалува лачењето на стимулирачкиот невротрансмитер глутамат. Откако алкохолот ќе биде преработен неколку часа подоцна, овие адаптации се непотребни и телото доживува шок. Јасно е дека како последица на тоа, вие се будите.

Освен тоа, постојат истражувања кои го покажале ефектот што го има алкохолот на РЕМ фазата од спиењето. Оваа фаза е заслужна за соништата и учењето и претставува еден од најважните делови од спиењето. Можете да претпоставите какво е влијанието на алкохолот? Да, алкохолот ја намалува РЕМ фазата од спиењето. Не само што ќе се разбудите благодарение на ефектот на повраток, туку и ќе ја пропуштите една од најважните фази на спиењето. Не е никакво чудо тоа што мамурлаците прават да се чувствувате како зомби.

Добрите вести се што ако испиете една до две пијачки, алкохолот нема премногу да го наруши вашиот сон. Но, ако планирате да пиете повеќе, најдобро е да ги одбегнувате шотовите и да не пиете до самиот крај на вечерта за да му дадете време на телото да го обработи алкохолот пред да си легнете.

Доколку сте имале бурна ноќ, прочитајте како да се ослободите од утринскиот мамурлак.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар