Зошто понекогаш изгледаме одлично во огледало, а ужасно на фотографија?

Најверојатно некогаш и вам ви се има случено вашиот одраз во огледалото воопшто да не наликува на оној на фотографијата што пред неколку моменти сте ја направиле. Но дали некогаш сте се запрашале зошто се случува ова?

1-zoshto-sekogash-ste-ubavi-vo-ogledaloto-no-ne-i-na-fotografiite-www.kafepauza.mk_

Пред да излезете од домот, на одразот во огледалото изгледате добро, но фотографиите во текот на денот кажуваат друга приказна. Па, на кого да му верувате? Работата е во тоа што сте опуштени кога сте дома, се наоѓате на сопствена територија и најверојатно сте убаво расположени. Огледалото ви го испраќа одразот на вашите емоции, кои всушност само вие можете да ги видите.

2-zoshto-sekogash-ste-ubavi-vo-ogledaloto-no-ne-i-na-fotografiite-www.kafepauza.mk_

Фотографијата ја покажува вашата вистинска слика, онакви какви што сте, без емоции и очекувања кои ви додаваат на изгледот.

Во огледалото најчесто се набљудувате од исти агли, додека фотографиите се создаваат од различни агли од кои не сте навикнати да го гледате сопствениот лик. Затоа кога некој ве фотографира, не сте секогаш во позицијата во која самите си изгледате најдобро.

3-zoshto-sekogash-ste-ubavi-vo-ogledaloto-no-ne-i-na-fotografiite-www.kafepauza.mk_

Секоја просторија има различно осветлување, а секое осветлување има температура која не ја забележувате на одразот во огледалото, но ја забележувате на фотографиите. Фотоапаратот ги забележува сите несовршености кои доброто светло знае да ги скрие.

На одразот во огледалото најчесто ја гледате „идеалната“ верзија на себе, додека фотографијата покажува како ве гледаат другите.

Не плашете се да застанете пред фотоапаратот, бидејќи ви ги откриваме најдобрите пози за фотографирање.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар