Зошто мажите преферираат одредена градба на тело кај жените?

Жените секојдневно се бомбардирани со измешани пораки и знаци за начинот на кој тие треба да изгледаат. Ова особено се случува од медиумите. Еден ден, во тренд е да се биде слабичок и со мали гради, додека следниот ден веќе се очекува од сите жени да имаат облини.

Зошто мажите преферираат одредена градба на тело кај жените?

Една нова студија, која била спроведена со цел да ги открие вистинските стандарди за убавина, ги испитувала специфичните преференции на хетеросексуални мажи кои се однесуваат за обликот на задниците кај жените. Преку ова истражување, испитувачите од Универзитетот во Тексас откриле нешто многу интересно кое може да се објасни со еволуцијата. Жените кои имаат теоретски оптимален агол на лумбална заобленост, односно агол од 45,5 степени кој води од грбот до задникот, можат најуспешно да поднесат повеќе бремености, што во времето на нашите предци било основата за привлекување. Изгледа дека ова правило на привлекување сè уште важи.

„Ова е само уште еден доказ дека убавината не е целосно произволна или во очите на оној кој набљудува, како што многу истражувања се обидуваат да нè убедат. Според овие резултати, таа е еден вид поврзана адаптивна логика“, вели коавторот на студијата, психологот Дејвид Бас.

Зошто мажите преферираат одредена градба на тело кај жените?

Ова истражување е составено од две студии. Со првата студија се испитувало ‘рбетното заоблување, кој може да влијае врз заобленоста на долниот дел од грбот кај жените. Истражувачите побарале од 100 мажи да ја оценат привлечноста на неколку манипулирани фотографии кои покажувале различен степен на заобленост помеѓу грбот и задникот. Тие откриле дека повеќето мажи ги привлекуваат фотографиите во кои лумбалната заобленост кај жените била 45 степени. Водечкиот автор, психологот Дејвид Луис објаснува:

„Оваа структура на ‘рбетот би им овозможило на бремените жени да ја балансираат нивната тежина над колковите. Овие жени би биле многу поефективни при носењето на бебето за време на бременоста и би имале намален ризик од било какви повреди на ‘рбетот. Токму затоа мажите кои ги преферирале овие жени би имале партнерки кои би биле подобри во овозможување потомство и кои би биле способни да издржат многу бремености без повреди.“

Што се однесува до втората студија, со помош на низа прашања, истражувачите се обиделе да откријат дали хетеросексуалните мажи го преферираат овој агол бидејќи тоа значи поголем задник или пак, причината сепак се наоѓа во аголот на ‘рбетот. Токму затоа овој пат истражувачите побарале од 200 мажи да ја оценат привлечноста на фотографии од жени со различни големини на задник и форми на ‘рбетното заоблување, но кои сите имаат исто заоблување од 45,5 степени кај во долниот дел од грбот. Тие повторно откриле дека мажите постојано ги издвојувале жените чии ‘рбетно заоблување е поблиску до оптималната димензија, без разлика на големината на задникот.

Изгледа на еволуцијата ѝ треба многу време да направи промена, па овој примитивен инстинкт кој постоел илјадници години сè уште има влијание врз нас. Токму затоа следен пат кога ќе забележите маж или жена чие тело навистина многу ве привлекува, потсетете се дека тоа го правите бидејќи сè уште сте под влијание на пештерскиот човек во вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар