Зошто марихуаната е забранета? Вистинската причина е полоша отколку што мислите!

Зошто марихуаната е забранета? Вистинската причина е полоша отколку што мислите!

Низ светот продолжува да расте поддршката за легализација на марихуаната. Но, останува прашањето – која е причината за нејзината забрана?

zoshto-e-zabraneta-marihuanata-vistinskata-prichina-e-polosha-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Во 1929 година, Хари Анлингер станал директор на еден оддел од владата познат како Оддел за забрани во Америка. Но, како што излегло, одделот бил катастрофа и кога Хари дошол на функцијата морал на најде начин да го одржи во живот. Па, бидејќи не можел да најде причина за забрана на алкохолот, тој се свртел кон нешто друго – марихуаната.

„Канабисот,“ рекол тој, „може да создаде луд и опасен криминалец. Марихуаната претвора многу луѓе во злобни ѕверови. За тоа сведочи случајот на момчето Виктор Лаката кое неодамна го уби своето семејство со секира. Ете тоа се случува кога пушите трева.“

Документацијата покажала дека Хари им напишал на 30 најдобри доктори надевајќи се дека ќе ја потврдат неговата изјава. 29 од нив го одбиле. Хари го искористил едниот доктор кој се согласил како потврда за неговото тврдење. САД ја забраниле марихуаната, а нивниот пример го следеле и другите држави.

Збунетите лекари, кои знаеле дека канабисот не е „злобен“, побарале научен доказ за потврда на овие луди изјави. Хари одбил да разговара со нив, и само рекол:

„Марихуаната е зло и не треба да се занимаваме со неа.“

Се разбира, не пронашол никаков научен доказ кој го потврдил неговото мислење. Неколку години подоцна, некој го разгледувал медицинското досие на Виктор Лаката и во него немало никаков доказ дека тој користел марихуана. Наместо тоа, тој имал долга историја ментални болести и еден член од неговото семејство потврдил дека дури бил и во психијатриска болница. Но во досието немало никаков спомнување на марихуана.

Всушност, научните докази покажуваат дека канабисот е побезбеден од алкохолот. Алкохолот, само во САД убива 40.000 луѓе годишно. Од друга страна пак, нема информација дека некој умрел од канабис.

Дали знаевте дека луѓето кои повремено пушат марихуана се посреќни и поуспешни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Petar Reply

    http://www.iflscience.com/brain/chronic-pot-smoking-associated-brain-changes/. Travata e opasna moze da dojde do namaluvanje na sivata Masa u mozoko so e za memorija I emocija .

    • Spiro Reply

      Ti petre, maloumen si. Procitaj ja celata statija posle pisi deka M bila opasna. Ili ako neznaes angliski, nekoj neka ti prevede.
      Posle lupaj glupi komentari…
      .

  2. Ivana Reply

    Не е ради тоа 🙂 ова се уште приказни измислени. причината поради која што е забранета марихуанат е следна – со повремено конзумирање на марихуана, секој човек ќе биде поздрав, посреќен, по исполнет. но општеството не го сака тоа. сака да бидеме болни (фармација, најголема профитабилна дејност), несреќни (пак фармација антидепреесиви) стресови нервози иннфаркти ракови…. а со марихуаната привремено конзумирајќи ја ќе бидеме и поопуштени што автоматски подразбира редуцирање на стрес и со тоа на 300 болести.
    заклучок- профитот го вози светот. парите. со легализација на марихуана, ќе се затворат аптеките 😉

    поздравче 🙂

Остави коментар