Зошто лисјата паѓаат?

Есен е. Сите ние ги забележуваме промените кои настануваат во надворешната околина. Лисјата со прекрасни бои по некое време опаѓаат и се чини како да газите по тепих од листови. Но, сте се запрашале ли, како се одвива тој процес на опаѓање на листовите?Зошто лисјата паѓаат?Годишниот циклус на развиток на растенијата започнува со ‘ртењето на семето и формирање на органите за вегетативно размножување и завршува со формирање на репродуктивните органи, цвет, плод и семе. Овие процеси се во согласност со смената на годишните времиња и завршуваат пред да настапи неповолната сезона за растење.

Едногодишните растенија во зимскиот период изумираат, но, во текот на периодот кој е поволен за нивниот развиток, формираат семе од кое ќе се развие следната генерација. Во периодот на мирување сите функции на растението се сведени на минимум, сè дур не се појават поволни надворешни услови за нивно повторно развивање. Зошто лисјата паѓаат?Кај растенијата, органите кои треба да се отфрлат влегуваат во фаза на мирување или сенесценција. Тоа го претставува завршниот животен стадиум на лисјата и другите органи. Оваа појава е поврзана со паѓањето на листовите кај листопадните растенија или уште позната како абцисија. Абцисијата настанува во услови на суша, при повреда или кога растението е нападното од патогени организми. Овој термин ги опфаќа сите процеси кои предизвикуваат откинување на сите врски меѓу клетките со што доаѓа до опаѓање на одредени делови на растението.Зошто лисјата паѓаат? Овој процес, всушност, се состои од ензимско разградување на деловите меѓу живите и оние делови кои треба да опаднат. Зоната на абцисија кај листот се наоѓа во основата на листната дршка. Оваа зона е изградена од неколку слоја на клетки кои се подложни на влијанието на растителните хормони ауксини и етилен. Впрочем, тие се двата фитохормони кои највеќе го стимулираат опаѓањето на листовите.

Зошто лисјата паѓаат?

црвениот дел е зоната на абцисија

Одредени ензими како хидролази дејствуваат врз клетките со што ги разградуваат и на тој начин листот престанува да се снабдува со хранливи материи од коренот, станува сè послаб и на крајот опаѓа.Зошто лисјата паѓаат?
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар