Зошто казината прават толку голем профит?

Зошто казината прават толку голем профит?

Коцкањето е многу профитабилен бизнис. Ако се знаат следните 3 факти, не е чудно да се сфати зошто.

Зошто казината прават толку голем профит?

1. Коцкарите слабо расудуваат за време на играта

Профитот за казиното претставува износот на пари кои коцкарите ќе го остават таму во обидот да си одат дома со уште повеќе пари. Но, ако се знае дека никој не се збогатил од редовни посети на казино, се поставува прашањето зошто тие и понатаму продолжуваат да се коцкаат. Кога човек ќе увиди дека неговото однесување не го носи кон неговата цел, тој го менува однесувањето и се обидува на друг начин. Но, случајот со коцкањето не е таков. Колку и да губи, коцкарот продолжува со играње затоа што верува дека „сега е моментот да се сврти среќата и ќе се извади“. Мозокот претендира кон тоа да не верува дека работите можат да се случуваат случајно и бара некаква причина која стои зад сето тоа, па затоа често пати велат дека „не може 12 пати по ред да падне на црно“ или дека „се во добра серија“, небаре овие работи се причински-последично поврзани. Тоа се моменти кои го радуваат раководството на казиното.

Зошто казината прават толку голем профит?

2. „За малку не добив“

Коцкарите своите губења кои за малку не завршиле како добивки ги третираат како добивки. Сметаат дека моментот кога ќе падне соседниот број на рулетот е речиси добивка за која е заслужен коцкарот, а не случајноста. И повторно се работи за трик на мозокот, кај кого хормоните и невротрансмитерите се активираат на ист начин и кај добивката и кај она што за малку не било добивка.

3. Конфузијата со слот машините

Казината итро ја користат ситуацијата со она што за малку не било добива со помош на слот машините. На традиционалните слот машини беше потребно да се паднат три исти знаци во една линија, а денешните видео машини даваат можност за добивка со пет исти знаци во повеќе линии. На тој начин голем број од свртувањата се добитни, но добивката најчесто е помала од влогот. На тој начин играчот добива и е мотивиран да продолжи додека трага по џек пот, а казиното трпеливо си го собира својот профит.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар