Зошто Холандија има два називи на англиски?

Зошто Холандија има два називи на англиски?

Човек кој зборува на англиски за Холандија обично смета дека може да употреби кој било од двата назива Holland или The Netherlands. Но, само ако ја нарече државата The Netherlands ќе биде во право, затоа што Holland, всушност, не е држава.Зошто Холандија има два називи на англиски?Холандија низ историјата носела најразлични називи, кои на англиски звучат како Dutch Kingdom, Kingdom of Holland, дури и United States of Belgium, но денес англискиот назив е The Netherlands. Сепак, забуната поради честата употреба на називот Holland веројатно многу повеќе произлегува од фактот што во денешната административна организација во државата постојат две провинции кои се викаат Северна Холандија и Јужна Холандија. Тоа е најнаселениот дел од државата и тука се наоѓаат најголемиот дел од туристичките атракции, па затоа е и најпознат меѓу странците.

Но, како што објаснува авторот на следното видео, да се нарече Холандија Holland би било исто како САД да се наречат Дакота. Тоа исто така значи и дека жителите на овие две провинции можат да се наречат Hollanders, но тоа не важи и за оние од останатите десет провинции. Тие на англиски се нарекуваат со Dutch, кое е заедничко име за сите Холанѓани.

Овие работи и уште некои интересни факти за Холандија се подетално објаснети во следното видео.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Дачмен Reply

    А зошто на македонски и многу други јазици воопшто не постои „точниот“ назив, туку само Холандија?!

Напиши одговор на Дачмен Откажи одговор