Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Ако сакате да отидете на остров којшто ќе можете да го разгледате во целост, во текот на само еден одмор и притоа вистински да уживате, тогаш тоа дефинитивно е Скијатос, еден од најубавите острови во Егејското Море, ако не и во цела Грција.Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Прошетка низ главниот град

Главниот град на островот, Скијатос, е убаво гратче со долга традиција и некој посебен шарм. Кога ќе се најдете на овој остров, ако одвоите барем половина ден за убава прошетка низ градот, воопшто нема да се разочарате.Зошто да го посетите Скијатос ова лето?Кога одите низ Скијатос ќе забележите дека нема некои посебни знаменитости, масовни споменици, колосални градби итн. Но затоа пак, секоја тула како да има на себе печат од историјата. Во кое сокаче и да залутате, ќе го почувствувате духот на времето. Иако се работи за мал остров, местото е преполно со историски артефакти и археолошки локалитети. Манастирите, старите градби и спомениците се нешта што не смеете да ги пропуштите.Зошто да го посетите Скијатос ова лето? Зошто да го посетите Скијатос ова лето?Ако сакате да шетате преку ден, најубаво е да излезете на прошетка претпладне или пак по 17 часот (по локално време), со оглед на тоа што деновите се приближно жешки колку оние во Скопје. Понекогаш има убаво и освежително ветре, но некогаш знае да стане и доста спарно. Доколку некогаш решите да излезете во најжешкото, упатете се кон тесните сокачиња.Зошто да го посетите Скијатос ова лето? Зошто да го посетите Скијатос ова лето? Зошто да го посетите Скијатос ова лето?Уличките во стариот дел од градот, кој е и најголем, се тесни, нерамни, поплочени, на угорнини и удолници и во нив е многу постудено отколку покрај морето или на пристаништата. Наликуваат на сокачињата во Венеција или Будва, интересни се за истражување, а некаде низ нив ќе го најдете и музејот на грчкиот писател Александрос Пападијамантис, а речиси сигурно ќе бидете примамени од мирисот на вкусната храна во некоја од малите таверни по патот.Зошто да го посетите Скијатос ова лето? Зошто да го посетите Скијатос ова лето?Поголемите шеталишта на средината од градот, што се протегаат од улицата кај новото пристаниште, па сè до обиколницата над Скијатос, се преполни со продавници од секаков вид, најчесто за облека и сувенири, а има и по некој колонијал. Дел од нив се екстремно скапи, во други пак има пристапни цени, сè зависи од тоа што барате. Доколку имате просечен буџет, уште на старт избришете ги од умот кафулињата на старото пристаниште, затоа што се апсолутно најскапи.

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Реклама

Доколку сакате некаде да си седнете, пристојните локали ги имаат изложено менијата пред влезот и можете лесно да проверите дали го имаат она што го сакате, дали цените ви се прифатливи, а за тоа време ќе видите и како се однесува персоналот, т.е. дали се напорни. Некои од нив знаат да бидат исклучително напорни. Затоа, што и да правите одбирајте многу внимателно.Зошто да го посетите Скијатос ова лето?Пристигнувањето на островот е многу едноставно и релативно брзо, за разлика од подалечните острови во Јонското Море. Локалните жители на Скијатос во голема мера се разликуваат од другите Грци, според нивното гостопримство и топлина со која ќе ве пречекаат. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе ви овозможат да видите и посетите места кои во ниту една друга ситуација не би можеле да ги погледнете и доживеете.Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажите на Скијатос

На Скијатос ќе пронајдете плажи за сечиј вкус, од исклучително убавите плажи со сино знаменце (меѓу кои најдобра е Кукунариес), сѐ до дивите, запрепастувачки убави плажи на северната страна, на кои ќе можете да уживате во осаменоста и звукот на морето.

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Кукунариес

Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи. На малиот остров има точно 60 плажи, кои варираат според подлогата, големината, фреквенцијата на луѓе, организираноста итн.

Најдобро организираните плажи се наоѓаат на југоисточниот дел од островот, недалеку од гратчето Скијатос. Тие плажи изобилуваат со барови, лежалки, чадори за сонце, организирани активности и спортови на вода итн. Првата голема плажа е Мегали Амос, исклучително долга плажа на којашто доаѓаат илјадници туристи и е идеална за оние кои сакаат гужви. Следни на ред се плажите Василијас и Ахладиес, места коишто се идеални за спортови на вода (особено Ахладиес е погодна за сурфање на ветар, поради силните ветришта што дуваат во тој предел).

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Мегали Амос

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Василијас

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Ахладиес

Многу блиску се наоѓаат и плажите: Канапица, Каламаки, Вромолимнос, Агија Параскеви и Трулос. Сите се одлично организирани, речиси секогаш полни, изобилуваат со зелени површини, златни песоци и кристално бистра вода.

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Вромолимнос

Не пропуштајте да ја посетите и плажата Кукунарис, која буквално ќе ве вџаши. Околу неа има густи борови насади, коишто креираат магичен пејзаж. Зад боровата шума се наоѓа езерото Строфилија, живеалиште на повеќе видови ретки птици. Ова место е заштитено од Грција и од Европската Унија, а плажата е една од најпознатите во целата држава и е пример за одлично организирана плажа. На исток од Кукуранис е плажата Банана, којашто е една од најпопуларните нудистички плажи.

На северната страна од островот ќе ја најдете егзотичната плажа Мандраки (или пристаништето на Ксеркс). Оваа плажа лежи на песочни ридови. Следна е релативно мирната плажа Елија. На северната страна исто така вреди да се посетат и плажите: Микрос, Мегалос Аселинос, Керија, Лименарија, како и Мегалос Гиалос и Ксанемос – на север од градот. Се работи за прилично тивки плажи со недопрени природни убавини.

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Мандраки

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Микрос

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Мегалос Гијалос

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Ксанемос

Не пропуштајте да го заобиколите островот со кајак, со што ќе можете да ги погледнете сите скриени места по брегот, но и да стигнете до најпознатото место на островот, плажата со бели камења, Лаларија, до којашто се стигнува само по воден пат.

Зошто да го посетите Скијатос ова лето?

Плажата Лаларија

Ноќниот живот на Скијатос

Кога првпат ќе дојдете на Скијатос, добивате впечаток дека тоа е местото создадено за вас, доколку сте во потрага по романтична атмосфера или пак ако доаѓате семејно. Но, овој мал остров нуди и доста интензивен ноќен живот.Зошто да го посетите Скијатос ова лето?Ако сте луѓе што претпочитаат кафулиња, а не ноќни клубови, тогаш дефинитивно треба да се упатите кон старото пристаниште во Скијатос. Таму, по брегот, почнувајќи од свиокот, па сè до горниот крај, каде што започнува стариот дел од градот со стрмните сокачиња, распослани се едно чудо кафулиња, таверни, барови. Оние кои ги посетиле ноќните клубови кои се наоѓаат на самиот раб од градот, велат дека си поминале одлично. Иако отвораат околу полноќ, до околу 2 часот наутро во нив нема речиси никој. Но, веќе во 2 часот започнува да се слуша гласната музика во далечината и тоа трае до изгрејсонце. Оние што доаѓаат да се забавуваат во нив се: Британци, кои секогаш го преплавуваат Скијатос (има чартер летови до самиот остров), Срби и по некој Македонец.

Сè на сè, ова е одличен остров кој вреди да биде ваша дестинација ова лето. Не заборавајте само да си понесете спреј против комарци.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар