Зошто читањето е најдобар начин за опуштање?

Секој има свој начин на релаксирање, но доколку читањето книга е вашиот начин да се опуштите, тогаш не сте можеле да изберете подобра активност. Едно истражување покажало дека читањето опушта многу подобро отколку добро познатите методи на слушање музика, кафе со пријателите или прошетка во природа.

Зошто читањето е најдобар начин за опуштање?

Доволни се само 6 минути поминати пред книга или некое друго четиво за да се смириме, односно нивото на стрес да падне и да се смират отчукувањата на срцето и напнатоста во мускулите. Психолозите веруваат дека тоа се должи на фактот дека при читањето мозокот мора да се сконцентрира на она што го читаме, а таквиот начин на оттргнување на мислите од проблемите и заминување во друг свет делува погодно за срцето и напнатоста во мускулите.

Потребата на човекот за бегство во имагинарен свет доаѓа до израз во време на разни проблеми, кога реалноста не ни се допаѓа и сакаме да побегнеме од неа, тврдат експертите.

Втор најефикасен начин е слушањето музика, трет пиењето кафе, а четврт шетањето – покажало ова истражување. Стресот го намалуваат и видеоигрите, но за разлика од другите методи, тие го зголемуваат отчукувањето на срцето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар