Зошто атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе?

Зошто атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе?

Уште многу одамна научниците дошле до интересно откритие: Атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе. Не е сосема јасно зошто е тоа така, но истражувачите имаат некои идеи. Според нив, религијата е инстинкт, а луѓето кои можат да ги надминат инстинктите се поинтелигентни од оние кои слепо се водат по нив.

Зошто атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе?

„Интелигенцијата може да се разбере како надминување на основните инстинкти и поседување интелектуална љубопитност и отвореност кон неинстинктивните можности“, објаснуваат истражувачите.

Уште во древна Грција и Рим се сметало дека „будалите“ се религиозни, додека „мудреците“ се скептични. Античките филозофи не се единствените кои ја забележале оваа поврзаност. Научниците направиле мета-анализа на 63 истражувања и откриле дека религиозните луѓе најчесто се помалку интелигентни од оние кои не се религиозни. Оваа поврзаност била посилна кај студентите на факултет и кај општата популација, а послаба кај луѓето помлади од 19 години. Ова исто така повеќе важи за луѓето со религиозни верувања, а не за луѓето со религиозен начин на однесување.

Но, зошто воопшто постои оваа поврзаност? Истражувачите најпрво мислеле дека тоа е така затоа што нерелигиозните луѓе се поразумни за разлика религиозните поединци. Меѓутоа, подоцна откриле дека интелигенцијата е поврзана со одреден тип субјективност.

На пример, едно истражување од 2012 година покажале дека студентите честопати даваат погрешни одговори несвесно. Тоа се нарекува „субјективна слепа точка“ и се случува кога луѓето не можат да ја препознаат субјективноста или недостатоците на нивното размислување. Експертите верувале дека постои врска помеѓу поголемата субјективна слепа точка и зголемените когнитивни способности.

На пример, едно од прашањата во истражувањето гласело: „Палка и топка заедно чинат 1,10 долари. Палката чини 1 долар повеќе од топката. Колку чини топката?“. Овој проблем не е интуитивен и одговорот не е 10 центи, туку прашањето бара од студентите да го преиспитаат првото решение што ќе им падне на памет. Доколку го направат тоа, би можеле да дојдат до точниот одговор кој гласи дека топката чини 5 центи, а палката 1,05 долари.

Ако интелигентните луѓе не можат да ја забележат својата субјективност, тоа значи дека тие не се толку разумни во одредени погледи. Па, зошто тогаш интелигенцијата се поврзува со атеизмот? Одговорот е дека религијата е инстинкт и луѓето треба да поседуваат висока интелигенција за да можат да го надминат.

Основен инстинкт

Теоријата дека религијата е инстинкт е модификувана верзија на идејата која првично била развиена од страна на Сатоши Каназава, еволуционен психолог од лондонскиот економски факултет. Неговата теорија се обидува да ги објасни разликите во однесувањето и ставовите помеѓу интелигентните и помалку интелигентните луѓе. Хипотезата се засновала на две претпоставки. Првата е дека ние сме психолошки адаптирани да ги решаваме повторливите проблемите со кои се соочувале нашите предци. Втората е дека „генералната интелигенција“ (која се мери со тестови за интелигенција) еволуирала за да ни помогне да се справиме со неповторливите проблеми за кои не сме развиле психолошка адаптација.

Овие претпоставки сугерираат дека интелигентните луѓе се подобри од неинтелигентните луѓе во справување со еволуциони новитети, ситуации и појави кои не постоеле во минатото. Еволуционите новитети се спротивни на еволуираните инстинкти.

Зошто атеистите се поинтелигентни од религиозните луѓе?

Филозофски поглед кон работите

Ако религијата има инстинктивна основа, тоа значи дека интелигентните луѓе можат подобро да се прилагодат на атеизмот. Но, без да ја познаваме природата на „религиозниот инстинкт“ не можеме да кажеме дека атеизмот не е поврзан со одредени инстинкти. На пример, некои експерти сметаат дека комунизмот и секуларните движења како што се веганството, го поттикнуваат истиот инстинкт како и постоечките религии. И религиозните и нерелигиозните движења се засноваат на вербата кај луѓето.

Религијата и стресот

Истражувачите исто така ја испитале поврзаноста помеѓу инстинктот и стресот и откриле дека луѓето се однесуваат инстинктивно во стресни ситуации. Така на пример, многу луѓе се свртуваат кон религијата кога имаат блиско искуство со смртта. Експертите тврдат дека интелигенцијата им помага на луѓето да ги надминат овие инстинкти во стресните ситуации.

„Ако религијата е инстинкт, тогаш таа би требало да станува посилна во стресни ситуации, кога луѓето се принудени да реагираат инстинктивно. Тоа исто така значи дека интелигенцијата ни овозможува да застанеме и разумно да ја согледаме ситуацијата како и можни последици од нашите дела“, објаснил еден од истражувачите.

Луѓето кои можат да ги надминат нивните инстинкти се подобри во решавањето проблеми. На пример, доколку некој човек би ве нападнал, вашиот инстинкт би ви кажал да се одбраните и да го удрите. Но, поинтелигентните луѓе би можеле да се воздржат од тоа и да го решат проблемот на подобар начин.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар