Значењето на тетоважите: Што претставува пердувот?

Тетоважите со пердуви можат да имаат различни значења и луѓето ги прават поради бројни причини. Како еден од најпопуларните дизајни, пердувите имаат многу симболизам зад нив. Доколку размислувате да си направите тетоважа, независно дали таа е мала или голема, можеби би биле заинтересирани да научите нешто повеќе за значењето на пердувите, како и да се инспирирате и да добиете неколку креативни идеи.

Значењето на тетоважите: Што претставува пердувот?

1. Слобода

Очигледното значење зад тетоважите со пердуви е потрагата по слободата. Птичјите пердуви го симболизираат раширувањето на крилјата и полетувањето кон непознатото и авантурата. Некои од луѓето кои имаат тетоважа со пердув ќе се наречат себеси слободни духови и истражувачи, бидејќи копнеат по емоционална, ментална и физичка слобода.

2. Поврзаност со духот

Историски гледано, разни култури биле познати по тоа што луѓето имале тетоважи на пердув како знак дека постои силна поврзаност меѓи нив и Духот, Изворот, Универзумот и слично. Конкретно, Индијанците, Египќаните и Келтите ги носеле ваквите тетоважи како симбол за нивната врска со природата и боговите во кои верувале.

3. Храброст/сила

Тетоважите со пердуви се и знак на смелост, храброст и психичка и физичка сила. Доколку ги набљудувате симболично, птиците имаат сила да ги рашират крилјата и да летнат, и да веруваат дека нема да паднат. Затоа, на некој начин, луѓето кои имаат тетоважи со пердуви сакаат да покажат дека имаат голема храброст и силна верба дека ќе ги направат вистинските одлуки во животот.

4. Интелигенција

Луѓето кои имаат или посакуваат да имаат тетоважи со пердуви обично покажуваат висок коефициент на интелигенција. Пердувите често се поврзуваат со воздухот, а луѓето родени во воздушните знаци имаат одлични комуникативни и аналитички способности. Тие јасно се изразуваат и знаат што точно сакаат од животот, при што често се одлучуваат за тетоважи со пердуви.

5. Убавина

Исто така, многу животни со пердуви поседуваат вистинска надворешна убавина: Лебеди, пауни, бувови… Во тој контекст, тетоважите со пердуви симболизираат благородништво, гордост, убавина, грациозност и елеганција. Доколку се одлучите за ваква тетоважа, тогаш таа ќе ви служи како вечен потсетник за убавините на овој свет.

6. Култура

Особено кај Индијанците, птиците се свети и мудри суштества кои носат важни пораки и директно го претставуваат Духот. Индијанците веруваат дека сите животни и растенија ја носат изворната енергија во нив, но птиците се посебни духовни водачи кои го покажуваат правилниот пат во животот. Затоа, тетоважите со пердуви ја симболизираат и вашата поврзаност со културата.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар