Златен водопад

Златен водопад

Едно од најфасцинантните места во светот е златниот водопад „Коњска опашка“ (Horsetail Falls), лоциран во националниот парк Јосемити во Калифорнија. Паѓа на источната страна од природно извајаната вертикална карпа Ел Капитен и вака изгледа само еднаш годишно, во зима или рано напролет. Силното сонце кое полека заоѓа, во еден момент фрла совршена златна светлина врз водопадот, заради која кристално чистата вода започнува да наликува на вулканска лава. Вистинска вонземска убавина, која за жал трае само две недели во годината.

Златен водопадЗлатен водопад

„Огнената“ вода паѓа од околу 600 метри височина, а најдобро се набљудува и фотографира, ако застанете на една мала и чиста лединка, која се наоѓа источно од Ел Капитен. Лединката е во близина на едно излетничко место, на северната страна од патот што води до долината Јосемити.

Како што полека заоѓа сонцето, така и силно златната боја на водопадот полека избледува, сè додека целосно не исчезне…

Златен водопадЗлатен водопадЗлатен водопад

Во овој редок природен феномен уживајте и преку следното видео, направено пред две години.

Покрај овој „позлатен“ сезонски водопад, кој се јавува како одраз на сонцето, Јосемити нуди и безброј други убавини. Веќе имавте прилика најдобрите сцени од националниот парк да ги видите во ова кусо видео, кое неодамна го објавивме.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар