Зимска прошетка по Гренланд

Гренланд е дански остров во Северна Америка за кого прва асоцијација се Ескимите и вечната зима. Впрочем, таму и нема ништо друго, но и тоа е доволно да изнуди восхит кај оние што го виделе.

Зимска прошетка по Гренланд

На огромната територија со големина на Мексико живеат само 56.000 луѓе, па разбирливо е што огромен дел од островот содржи недопрени природни убавини. Тие во есен и зима се покриени со снег и мраз, создавајќи ја вообичаената слика за островот. Но во јуни, кога доаѓа летото, температурите можат да се искачат и преку 10 степени, да стопат дел од снегот и да откријат малку зеленило. Тогаш Гренланд станува привлечен за мал број туристи со подлабок џеб, кои овде доаѓаат за да пешачат, кајакарат или да рибарат на мраз.

Зимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по Гренланд

Во лето таму воопшто не се стемнува. Тогаш ноќното небо е само зајдисонце кое долго трае. Таа појава завршува кон крајот на август, а тогаш почнува уживањето во глетката на поларната светлина.

Зимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по Гренланд

На Гренланд има неколку градови, но дури и најголемиот Нук е доволно мал за секој жител да може да го познава секој негов дел. Транспортот до другите градови не е лесен. Едвај и да има некаква патна инфраструктура која постојано е покриена со снег. Затоа оние кои тргнуваат на пат се движат по која било патека која може да ги однесе таму каде што тргнале. Патувањето од еден во друг град може лесно да се претвори во авантура, но ако патниците сакаат ваква природа тогаш тоа нема да биде толку голем проблем.

Зимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по ГренландЗимска прошетка по Гренланд


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар