Зимата придонесува жените да изгледаат и до 4 години постаро

Стручните лица за убавина од една лабораторија во Њујорк потврдиле дека зимското време негативно се одразува на кожата на жената и дека придонесува таа да изгледа многу постаро, понекогаш и до четири години.

Зимата допринесува жените да изгледаат и до 4 години постаро

Во ова истражување учествувале 5.000 жени на возраст од 27 до 60 години, чии кожа и очи биле набљудувани за време на лето и за време на зима. Нивниот заклучок бил дека зимата „додавала“ и до 4 години плус на нивната возраст. Лабораторијата „АМА“ како причина го наведува недостатокот на сончева светлина кој придонесува тенот на кожата да биде поблед без никаква свежина, а на лицето подочниците да бидат повоочливи.

Покрај тоа, општата зимска депресија поради постојаното лошо време исто така влијае на изгледот на кожата, а недостатокот на витаминот К е уште една причина за лицето да изгледа уморно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар