Животот во еден минијатурен свет

Браќата близнаци Фредерик Браун и Герит Браун сакале да го вчудовидат и импресионираат светот, а сега може слободно да се каже дека тие дефинитивно си ја оствариле целта во целост. Тие ја изградиле најдолгата минијатурна железничка пруга во Европа.

Животот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен свет

За да го креираат ова чудо т.н „Miniatur Wunderland“, кое можете да го посетите во Хамбург, Германија, тие потрошиле 8 милиони евра, 700 кг вештачка трева, 4.000 тони челик и 558.000 часови напорна работа. Денес овој минијатурен свет на чудата се состои од седум тематски одвоени делови, сместени на површина од 1.000 метри квадратни: Шведска, Кнуфинген, Австрија, Харц, Хамбург, САД и Скандинавија.

Животот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен свет

Во овој свет, исто како и во реалниот, луѓето организираат концерти, слават празници, штрајкуваат, се случуваат сообраќајни незгоди, па дури и избувнуваат пожари, кога пожарникарите дотрчуваат за да го изгасат секое жарче во земјата-играчка. Возовите и автомобилите се движат како да се вистински. Се менуваат и годишните времиња. Бродови контролирани со радио, си пловат во водата, која е вистинска.

Животот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен свет

Секогаш нешто се случува, токму како што е во реалниот живот, а целиот овој свет е контролиран од 40 компјутери. Овој чудесен минијатурен свет е фантастичен пример за тоа како едно хоби се претворило во добар бизнис. Група ентузијасти работеле на оваа паралелна реалност уште од 2000 година, а денес сите имаме прилика да ги видиме резултатите од нивниот труд.

Животот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен светЖивотот во еден минијатурен свет

Се сеќавате на најголемиот минијатурен аеродром во светот? Тој е „масло“ на истиве браќа и претставува составен дел од „Miniatur Wunderland“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар