Животни лекции од познатите Италијанци

Се чини дека Италијанците имаат сè: култура стара повеќе од 2.000 години, архитектура која датира од времето на Римската Империја и смисла за мода која има големо влијание. Затоа не е чудо што Италијанците нè советуваат како да живееме.

Животни лекции од познатите Италијанци

Џани Версаче

Основачот на меѓународната модна куќа која го носи неговото име, најде инспирација за својата легендарна екстравагантност во древните, но и во авангардните извори, почнувајќи од римските императори, па сè до Енди Ворхол.

Неговата лекција:Јас не сум заинтересиран за минатото, освен ако тоа не е патот до иднината.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Донатела Версаче

Еден од најугледните членови на модната куќа „Версаче“, таа еднаш се опиша самата себе како нешто повеќе од додаток на генијалноста на нејзиниот брат. По неговото убиство, таа се пронајде како дизајнер и наследничка на неговиот бизнис.

Нејзината лекција:Креативноста се раѓа од конфликт на идеи.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Миучи Прада

Таа имаше визија семејниот бизнис со кожа да го претвори во мултимилионска модна империја. Благословена со остроумност која не ѝ дозволи да ги занемарува деталите, таа ја забележува секоја мала работа, дури и како нејзините вработени се облекуваат на работа.

Нејзината лекција: „Колку повеќе се трудите да изгледате секси, толку помалку ќе имате секс… Да изгледате секси понекогаш е добро, но не е во ред да изгледате секси од утро до вечер.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Роберто Кавали

Креаторot на екстравагантнa облека беше меѓу првите кој ја постави кожата на модната писта и ги произведе првите избледени фармерки. Беше член на жирито при изборот на Мис Универзум во 1977 година, а подоцна се ожени со првата придружничка на Мис Австрија, Ева Дурингер, која ја промовираше неговата облека во 1990-тите.

Неговата лекција:Моите пријатели се најчесто жени затоа што жените се многу поинтелигентни од мажите.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Марио Белини

Првично школуван како архитект, неговиот прв поголем успех го постигна како дизајнер на мебел. Познат по машините за пишување Olivetti, тој ѝ се врати на архитектурата во текот на 1980-тите години, дизајнирајќи бројни згради и урбани пејзажи во Јапонија.

Неговата лекција: „Секој мој проект го сметам како ново истражување, да се соочам со љубопитноста, максималната ментална отвореност и обновената креативна енергија.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Доменико Долче од Долче и Габана

Тој научил да го води малиот семеен бизнис и да управува со фабриката за облека, а студирањето моден дизајн му помогнало да го надгради своето знаење.

Неговата лекција: „Ако почнете да верувате во сопствениот успех и живеете како успешна личност, тогаш ќе убиете сè. Најдобриот успех е всушност следниот успех.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Стефано Габана од Долче и Габана

Наместо со мода, тој на почетокот се занимавал со графички дизајн. Кога во 1980 година се запознал со Доменико Долче во неговото дизајнерско студио во Милано, тие двајца започнале приватен, но и професионален однос кој траеше скоро 20 години.

Неговата лекција: „Морате да верувате во тоа што го правите. Правете го тоа со сета своја љубов и страст и ако сте навистина добри, вашиот сон ќе стане реалност.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Џорџо Армани

Прогласен за најуспешен дизајнер во Италија, неговото име стана синоним за машката облека, откако тој „го облече“ Ричард Гир во филмот „Американски жиголо“ во 1980 година.

Неговата лекција:Разликата помеѓу стилот и модата е во квалитетот.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Рензо Пијано

Архитектот кој ги конструраше облакодерот Шард во Лондон, највисокиот облакодер во Европа, и зградата на Њујорк Тајмс во Менхетен, беше прогласен од магазинот Тајм како еден од највлијателните луѓе во светот.

Неговата лекција:Центарот на една композиција не е зградата, туку празниот простор.“

Животни лекции од познатите Италијанци

Руди Ричоти

Тој ќе остане запаметен по неговиот додаток во Лувр, делото изработено од стакло и бетон поставено во дворот на музејот. Заедно со Марио Белини, тој го дизајнираше Одделот за исламска уметност во Лувр.

Неговата лекција: „Разликата помеѓу утопија и акција е оваа реалност на имплементација.“

Животни лекции од познатите Италијанци

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар