Животни кои го предвидуваат времето

Животни кои го предвидуваат времето

Се верува дека постојат животни кои можат да го предвидат времето. Нивната моќ на предвидување има точност до 39%. Следете го однесувањето на следниве животни и дознајте каков ќе биде утрешниот ден.

Жаби

Жабите се едни од најгласните водоземци. Но, кога се најавуваат лоши временски услови, тогаш нивното крекање е погласно и подолготрајно од вообичаеното. Штом ќе слушнете дека звуците што ги испуштаат жабите се сè погласни, знаете дека се подготвува бура. Животни кои го предвидуваат времето

Птици

Во зависност од тоа како летаат птиците, лесно може да процениме колку лошо ќе биде времето. Се верува дека ако птиците летаат високо, временските услови ќе бидат поволни, но ако летаат блиску до земјата, времето ќе биде лошо, а воздушниот притисок ќе биде повисок од нормалното. Животни кои го предвидуваат времето

Крави

Дури и земјоделците тврдат дека нивните животни можат да го предвидат времето. Според кажувањата, кога кравите ќе претчувствуваат лоши временски услови, тие стануваат немирни, нервозни, ги бркаат мувите со опашките или лежат на пасиштето за да си го зачуваат местото суво. Животни кои го предвидуваат времето

Пчели и пеперутки

Штом забележите дека пчелите и пеперутките ги напуштиле цветните леи, може да очекувате лоши временски услови. Ако тие не се на своите вообичаени места, тоа е знак дека бурата веќе се подготвува. Животни кои го предвидуваат времето

Овци

Кога овците ќе се соберат во стадо, набрзо ќе има поројни дождови. Кога овците претчувствуваат невреме, самите се собираат во стадо за да се заштитат едни со други. Животни кои го предвидуваат времето

Бубамари

Бубамарите го предвидуваат времето на многу едноставен начин. Ако забележите рој бубамари на едно место, тоа значи дека времето ќе биде топло. Од друга страна, ако забележите дека црните и црвените бубамари бараат засолниште, тоа значи дека нè очекува студено време. Животни кои го предвидуваат времето

Мравки

Кога се подготвува бура, црвените и црните мравки се тие кои први почнуваат да ги градат своите насипи за дополнителна заштита, па дури и ги затвораат дупките на своите засолништа. Затоа, ако забележите затворени насипи кои се повисоки од вообичаеното, подобро и вие да ги затворите прозорците од вашиот дом. Животни кои го предвидуваат времето

Мрмоти

Мрмотите се најпопуларните животни во Америка кои може да ги предвидат временските услови. Според американската легенда, најпознат мрмот е Фил од Пенсилванија. Ако Фил може да си ја види сопствената сенка, тоа значи дека зимата ќе трае уште шест недели, во спротивно се очекува да дојде пролетта. Животни кои го предвидуваат времето


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар