Животни и инсекти кои можат да намирисаат болести и опасност

Животни и инсекти кои можат да намирисаат болести и опасност

Овие животни и инсекти имаат толку добро развиен осет за мирис што можат да намирисаат работи кои на луѓето им се достапни само преку разни современи уреди…

Кучињата

Покрај способноста да намирисаат дрога, експлозив или крадци, кучињата имаат способност да намирисаат и заболување од рак. Преку здивот на пациентот знаат дали тој има рак на белите дробови или на дојката, преку мирисот на крвта можат да погодат дали постои рак на матката. Мирисот на потта од стапалата им е доволен за да знаат дека ракот на дебелото е присутен, а преку мирисот на кожата дознаваат и дали таа има рак.

5 животни кои можат да намирисаат болести

Овошните мушички

И оние мали здодевни инсекти кои кружат околу овошјето на масата можат да намирисаат рак. За разлика од кучињата, научниците со нив користат многу подобри техники за откривање на клетки на рак. Овошните мушички можат да препознаат и многу слаби мириси поврзани со здравствената состојба кои ниту кучињата не можат да ги почувствуваат.

5 животни кои можат да намирисаат болести

Големиот африкански стаорец

Носот на стаорецот постојано вибрира во потрага по мириси кои нему би му биле важни. Но, оние во Танзанија тоа го користат и за спасување на човечки животи. Иако прегледот на плунката под микроскоп е најкористениот метод за откривање на туберкулозата во Африка, според некои студии стаорецот може да открие за 44% повеќе случаи пред тоа да успее да го направи човекот со помош на микроскоп.

5 животни кои можат да намирисаат болести

Глувците

Глушецот може да почувствува кога некоја птица е заболена од птичји грип. Тие силно реагираат на одредени хемикалии кога се изложени на мирисот од птичјиот измет. Истражувањата нагласуваат дека глувците всушност не реагираат на мирисот на вирусот, туку на хемикалиите кои се ослободуваат како одговор на имунолошкиот систем на птиците.

5 животни кои можат да намирисаат болести

Пчелите

Пчелите се закануваат да им ја преземат работата на кучињата во полицијата. Постои еден уред кој личи на правосмукалка во кој се сместени 36 пчели. Тие се истренирани така што во моментот кога ќе намирисаат експлозив почнуваат да реагираат со делот од телото кој им служи за вшмукување на течности. Кога доволно пчели ќе реагираат, тоа е видливо на екранот на уредот.

5 животни кои можат да намирисаат болести


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар