Животна лекција: Не можеш да веруваш некому чиј дом не го познаваш!

Некогаш е доволно само малку подобро да погледнеме околу себе и многу работи сами ќе се откријат. Ова е приказна за мудрецот и младичот. Ви пренесуваме мал дел од делото „Алхемичарот“ на Паоло Коелјо.

1-zhivotna-lekcija-ne-mozhesh-da-veruvash-nekomu-chij-dom-ne-go-poznavash-www.kafepauza.mk_

Мудрецот внимателно ја слушаше причината за посетата на младичот, но му кажа дека нема време за да му ја објасни тајната на среќата. Му предложил на младичот да прошета низ палатата и да се врати за два часа.

„Меѓутоа, би сакал нешто да те замолам“, му кажа мудрецот давајќи му на младичот една лажичка со две капки масло. „Додека чекориш, носи ја оваа лажичка и внимавај да не го истуриш маслото.“

Младичот почнал да се качува и да се спушта по катовите од палатата, постојано внимавајќи на лажичката. Кога истекле двата часа, повторно пред него се појавил мудрецот.

„И?“, праша мудрецот. „Дали ги виде персиските теписони во мојата соба? Дали ја виде градината која мајсторот на градините ја создаваше цели десет години? Дали ги забележа преубавите пергаменти во мојата библиотека?“

Младичот засрамено признал дека ништо не видел. Единствена грижа му била да не ги истури тие две капки масло кои мудрецот му ги даде на почетокот.

2-zhivotna-lekcija-ne-mozhesh-da-veruvash-nekomu-chij-dom-ne-go-poznavash-www.kafepauza.mk_

„Тогаш врати се и запознај ги чудесата на мојот свет. Не можеш да веруваш некому чиј дом не го познаваш“, рекол мудрецот.

Веќе смирениот младич ја зел лажичката и повторно прошетал по палатата, но овој пат загледувајќи се во сите уметнички делови кои виселе на ѕидовите. Видел градини, околни планини, нежни цветови, добар вкус според кое секое уметничко дело било поставено на своето место. Кога се вратил кај мудрецот, радосен му го опишал сето она што го забележал.

„Но, каде се оние две капки кои ти ги доверив?“, го прашал мудрецот.

Погледнувајќи во лажичката младичот сфатил дека ги истурил.

„Тоа е единствениот совет кој можам да ти го дадам“, му рекол мудрецот над мудреците. „Тајната на среќата се наоѓа во гледањето на сите благодати на светот, без никогаш да не ги заборавиш тие две капки во лажичката.“

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар