Живот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профил

Во денешното урбано општество речиси и да не постои човек што нема профил на Фејсбук. Луѓето ја користат оваа социјална мрежа бидејќи им овозможува полесна комуникација, запознавање нови луѓе, слободно изразување и добра информираност. Но, сите знаеме дека Фејсбук има и свои негативни страни кои доаѓаат до израз доколку не се користи правилно. Токму поради нив некои луѓе решиле да живеат без Фејсбук и го избришале нивниот профил. Но, што ја прелеало чашата? Прочитајте ги нивните искрени исповеди во продолжение…

Живот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профил

„Кога немав работа, имав многу слободно време кое го трошев на Фејсбук. Се сеќавам дека еден ден решив да не се вклучам на Фејсбук воопшто. Цел ден играв видео игри и јадев. Се чувствував навистина продуктивно по целиот ден поминат во играње видео игри. Тоа ме поттикна да сфатам дека Фејсбук е како црна дупка што го троши вашето време. Го избришав профилот и не ми недостасува воопшто. Подобро го користам моето време сега.“

„Луѓето се премногу драматични, сите секогаш се караат.“

„Постојано го споредував мојот живот со животот на другите луѓе, а тоа растажува.“

„Ме отпуштија од работа поради мојата политичка определеност што беше видлива на мојот профил. После тоа, решив дека не ми треба Фејсбук.“

„99,9% од информациите се претерано глупави.“

„Премногу луѓе користат Фејсбук за да ги објавуваат нивните приватни проблеми. Не ми е ниту мене гајле за вашите проблеми, ниту, пак, на некој друг, збогум Фејсбук!“

„Го проверував мојот профил веднаш штом се разбудам и секој ден се разочарував. Поради тоа, решив да направам тридневен тест. Решив дека ако не видам ништо корисно во текот на тој период, ќе го избришам. Одлуката навистина не беше толку тешка. Сѐ уште не сум сигурен дали навистина е избришан профилот, бидејќи никогаш не им пратив примерок од крв како што ми побараа за целосно да го избришат.“

„Сфатив дека целото време го поминувам зјапајќи во телефонот. Престанав да го користам целосно.“

„Решив дека луѓето кои навистина ме сакаат, ќе најдат начин да разговараат со мене. Испадна дека тоа е навистина така и воопшто не ми треба Фејсбук.“

„Поминав низ болно раскинување кога дознав дека мојот поранешен партнер ме изневерувал со повеќе жени. Се мачев себеси со месеци така што ги прогонував овие девојки на Интернет, а тоа само уште повеќе ме растажуваше. Сфатив дека за да продолжам понатаму треба да престанам да се споредувам со нив и решив да го избришам профилот на Фејсбук. По неколку месеци помислив да го вратам, но воопшто не ми недостасуваше. 6 години подоцна сѐ уште не ме интересира! Луѓето се шокираат кога ќе им кажам дека немам Фејсбук. Во денешно време незамисливо е урбана 26-годишна девојка да не користи Фејсбук.“

Живот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профил

„Дали некогаш сте отвориле фрижидер за да видите дали има нешто убаво за јадење и подоцна сте се вратиле за да проверите дали убавото јадење магично се појавило? Истото се случува и кога проверувате Фејсбук по цели денови. Истите глупости одново и одново. Кога го сфатив ова, го избришав профилот.“

„Ми се случи да ја барам фотографијата од кроасанот што еден колега го јадеше еднаш за појадок пред неколку години. Дефинитивно не сакам така да го поминувам времето.“

„Се навредив од објавата на еден човек што го немав видено повеќе од 10 години. Си помислив ’Добро, што правам јас?!’. Исто така, ми се смачи од тоа да се обидуваме да ја направиме совршената фотографија секогаш кога ќе излезевме со пријателите.“

Продолжете на следната страница за останатите исповеди…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар