Женските пријателства траат пократко од машките

Женските пријателства траат пократко од машките

Некои пријателства траат вечно, додека некои не издржуваат предолго. Генерално, истражувачите дошле до сознание дека машките пријателства се подолготрајни од женските, а оваа теза ја поткрепиле со неколку причини за тоа.Женските пријателства траат пократко од машките

Оговарање

Оваа карактеристика е многу покарактеристична за женската популација. Доколку некоја девојка ви тврди дека никогаш не оговарала, тогаш со сигурност ве лаже. Понекогаш во оваа активност, како мета, знае да се најде и најдобрата пријателка. Но, вистината секогаш излегува на виделина, а женските многу потешко опростуваат од машките, па кога ќе дознаат дека најдобрата пријателка им го сторила тоа, неретко го прекинуваат пријателството.

Љубомора

Ова е уште една типична женска карактеристика. Кај машките љубомората која се однесува на она што го носи неговиот пријател, неговиот изглед, колку е успешен и слично е значително помала. Токму затоа ова е уште една причина поради која машките пријателства траат многу подолго. Машките развиваат братски односи со своите другари, додека жените не можат да го постигнат тоа со своите блиски пријателки.

Сфаќање на работите „при срце“

Повеќето жени тешко поднесуваат критика, па дури ни шега на нивна сметка, поради што доаѓа до кавги. Од друга страна, машките се многу потолерантни по ова прашање. Машките поголемиот дел од своето дружење го поминуваат во ваков тип шеги.

Комплицираност

По природа жените се покомплицирани, а таа комплицираност често знае да оди на нерви. Ова не значи дека кај машките ова не постои, но е значително поретко. Додека кај машките сè е црно-бело, кај жените има и многу сиви нијанси.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар