Жените во Јужна Кореја сѐ почесто „стапуваат во брак“ со самите себе

Жените во Јужна Кореја сѐ почесто „стапуваат во брак“ со самите себе

Во Јужна Кореја, сѐ поголем тренд се „сингл браковите“, односно брак во кој личноста стапува сама со себе. Ким Ји Џунг, шминкерка во поодминати триесетти години, започнала диета за да биде подготвена за фотографирање на денот на својата венчавка. Со бел фустан, цветен букет и шминка, на нејзината фотографија ќе изгледа прекрасно, освен што до неа ќе нема младоженец.

Жените во Јужна Кореја сѐ почесто „стапуваат во брак“ со самите себе

И покрај тоа што е сама, нема да пропушти можност да го овековечи моментот од младоста со свадбена фотографија, иако тоа e по малку необично.

„Тие сакаат да имаат свадбена фотографија додека сѐ уште не е доцна, додека се млади и згодни“, изјавила една вработена во фото студио во Сеул.

Пакетот обично опфаќал фризура и шминка за невести, изнајмување две свадбени фустани, две врамени фотографии и фото албум од 10 страници и ова чини околу 879 долари. Сингл свадбите се најнов социјален тренд за осамените – јадење, уживање во животот и патување, сето тоа сами. Тој тренд е дефиниран од страна на мала група која брзо расте во Јужна Кореја. Животот на самците е исто така интересна тема и за забавната индустрија, при што неколку телевизиски програми емитуваат содржини од различни жанрови во кои главен гостин е самец. Една програма објавена во март 2013 година го следела секојдневниот живот на познати самци кои најчесто биле над просечната возраст за склучување брак во Јужна Кореја. Оддалечувањето од бракот е забележано и помеѓу постарите личности. Така постои новосоздаден збор „џолнох“, што во превод би требало да значи дипломирање на бракот. Бек Ил Соб, 73-годишен актер во пензија, пред околу една година го објавил својот „џолнох“ на телевизија, по поминати 40 години во брак. Иако законски и понатаму е оженет со својата сопруга, тој моментално живее сам.

Жените во Јужна Кореја сѐ почесто „стапуваат во брак“ со самите себе

Охрабрена со растот на овој тренд, 36-годишна жена им соопштила на своите пријатели дека сега е нејзин ред да добие свадбени подароци, иако не се мажи.

„Некои од нив се преселуваат, а со други се губи контакт, затоа сакав да го вратам својот дел за свадбени пари, пред да биде доцна“, рекла таа.

Според статистичките податоци во Кореја, од 2015 година, просечните години за стапување на жените во брак во оваа земја биле околу 30, што е значително зголемено во однос на 2000 година кога просекот бил 26,5 и од 1990 година кога тој број изнесувал 24,8. Соодветната бројка за мажите во оваа земја исто така пораснала од 27,8 во 1990 година, на 32,6 во 2015, што би значело дека во оваа држава мажите и жените чекаат во просек до својата 30-та година за да стапат во брак. Во меѓувреме, голем број жители на оваа земја почнале да мислат дека може да бидат и без брак. Од 2008, 46,5% од жените кои немале партнери, сметале дека бракот е нешто неопходно во нивниот живот. Според статистиките, тој број се намалил на 38,7% во 2014 година, а истовремено бројот на мажи кои сметаат дека бракот им е неопходен се намалил од 64,8 на 51,8%.

Новите генерации полека формираат нови „правила“ за жените кои чувствуваат притисок да бидат омажени на одредена возраст, бидејќи сега жените избираат образование и се фокусираат на изградба на стабилна и високо платена професија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар