Жените стануваат посреќни од мажите дури откако ќе наполнат 85 години, а причината за тоа ќе ве запрепасти!

Најновите истражувања покажале дека жените не се толку среќни колку мажите, сѐ додека не наполнат 85 години. Според тврдењата на психолозите, причината за тоа лежи во фактот што на таа возраст повеќето жени стануваат вдовици!

Жените стануваат посреќни од мажите дури откако ќе наполнат 85 години, а причината за тоа ќе ве запрепасти!

Истражувањето спроведено на 8.000 возрасни Британци покажало дека жените се соочуваат со сериозни здравствени проблеми во текот на животот многу почесто од мажите. Најголемата разлика е забележана во однос на менталното здравје. Околу 28% од жените на возраст помеѓу 16 и 24 години признале дека се соочуваат со такви проблеми, а процентот кај мажите е помал и изнесува 16%.

Но, оваа разлика се намалува со текот на годините, бидејќи 18% од мажите и жените пријавиле појава на душевни болести на возраст помеѓу 25 и 34 години. Кога жените ќе станат средовечни, нивната среќа повторно се намалува, бидејќи според истражувањата 24% од нив заболуваат од некакво психичко нарушување на возраст помеѓу 45 и 54 години.

Истражувањето вклучувало 12 прашања врз основа на кои испитаниците го процениле нивното ниво на самодоверба, анксиозност и нарушувања на сонот. За учесниците кои освоиле 4 или повеќе поени на табелата, се сметало дека најверојатно ќе заболат од некаква психичка болест.

Психијатарката Кејт Ловет објаснила дека постои можност жените да се генерално помалку среќни од мажите поради домашните обврски. Тоа се намалува со текот на годините, бидејќи нивните деца стануваат возрасни, па не чувствуваат толкава одговорност постојано да работат по дома.

Исто така, иако според статистичките податоци кај жените постои поголема веројатност дека ќе станат депресивни, Ловет објаснила дека мажите се поизложени на ризикот од депресија, особено оние коишто се постари од 85 години и немаат партнерка.

Во продолжение прочитајте зошто мажите кои се венчаваат со покрупни жени се 10 пати посреќни од останатите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар