Жените се најсекси кога носат пижами

Жените се најсекси кога носат пижами

Заборавете на сексапилната долна облека, бидејќи најновите истражувања покажале дека на повеќето мажи, жените им се најсекси во пижами. Резултатите од анкетата покажале дека жените се најсексапилни кога се облечени во пижами, пред проѕирната долна облека или кога се воопшто без облека.Жените се најсекси кога носат пижамиОд друга страна, жените најмногу сакаат да го гледаат својот маж во боксерици или во долна облека, а најмалку им се допаѓа да носат фудбалски дресови.

Скоро 37% од мажите изјавиле дека сакаат да ја гледаат својата жена во пижами и дека тоа им е најсекси, а 55% одговориле дека тоа им е симпатично.

На второ место се наоѓа секси долната облека, додека на трето место ноќниците. Околу 22% одговориле дека ништо не им е посекси од тоа да ја видат својата жена во нивната облека, без разлика дали станува збор за машка пижама или маица.

Само 16% од мажите изјавиле дека сакаат кога нивната жена не носи ништо на себе во креветот, а во истражувањето учествувале 1.912 мажи и жени, постари од 18 години.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар