Жените повеќе се тетовираат од мажите

Најновите анкети спроведени во САД, покажуваат дека жените сè почесто и многу повеќе се тетовираат од посилниот пол. Телевизиската куќа „Oxygen“ на која се прикажува емисијата „Best Ink“, заедно со агенцијата „Lightspeed Research“, направиле анкета на повеќе од 1.000 луѓе во САД, прашувајќи ги што мислат за тетовирањето. Според нивните резултати 59% од тетовираните луѓе се жени, додека мажи има само 41%.Жените повеќе се тетовираат од мажитеСепак жените се тетовираат на многу поинакви делови од телото, тетоважите им имаат сосема различен облик и различно значење од оние на мажите, а понекогаш самиот чин на тетовирање е направен во друштво. Дури 40% од тетовираните девојки, тоа го направиле со нивната пријателка или со партнерот.

Жените понекогаш ставаат тетоважа со подлабоко значење, за разлика од машките кои неретко претеруваат прекривајќи се со огромни слики – вели Џо Капобијанко, кој се занимава со тетовирање веќе 20 години.

Жените повеќе се тетовираат од мажите

Младите, особено девојките, се бунтовнички настроени, па се тетовираат за да шокираат некого – вели Сабина Кели, тетовирана манекенка и член на жирито во шоуто „Best Ink“.

Познатите ѕвезди како Анџелина Џоли или Дејвид Бекам, меѓу првите јавно покажаа како го украсуваат своето тело, а тој пример оттогаш го следат многу луѓе и млади ѕвезди, особено жени. Ријана, Лејди Гага и Кети Пери редовно се фалат на Твитер кога ќе направат нова тетоважа.Жените повеќе се тетовираат од мажитеЖените повеќе се тетовираат од мажитеЖените повеќе се тетовираат од мажите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар