Жените кои се опкружени со растенија живеат подолго

Ново истражување покажува дека живеењето во куќа полна со растенија, може да го продолжи вашиот живот. Ова истражување ги анализира резултатите од 8-годишна студија која барала потенцијална поврзаност помеѓу вегетацијата и должината на животот.

(1)zhenite-koi-se-opkruzheni-so-rastenija-zhiveat-podolgo-kafepauza.mk

Резултатите? Жените кои живееле во најзелено опкружување имале понизок морталитет за 12% за разлика од жените кои живееле во дом без растенија. И овие жени не само што живееле подолго, туку имале и подобро ментално здравје.

(2)zhenite-koi-se-opkruzheni-so-rastenija-zhiveat-podolgo-kafepauza.mk

Поврзаноста меѓу зеленилото и морталитетот доаѓа од неколку различни компоненти. Луѓето опкружени со растенија покажале пониско ниво на депресија, зголемени можности за социјална интеракција, поголема физичка активност и намалена изложеност на загаден воздух. Но има и подобри новости: Ова истражување не било мало, во него учествувале 108.630 жени од 2000 до 2008 година.

(3)zhenite-koi-se-opkruzheni-so-rastenija-zhiveat-podolgo-kafepauza.mk

„Бевме изненадени од силната поврзаност помеѓу изложеноста на зеленило и намалувањето на морталитетот“, рекол Питер Џејмс, научник кој работел на истражувањето. „Уште поизненадени бевме од доказите дека зеленилото помага во подобрувањето на менталното здравје.“

Па, ако сте под стрес, или пак сакате да додадете неколку години на вашиот живот, купете си некое растение. Само обидете се да не го „убиете“ за еден месец.

Погледнете и кои растенија можете да ги одгледувате во вашата кујна.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар