Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Со текот на времето, жените успеаа да се изборат за своето место во области кои се сметаа за типично машки, како што се политиката, авијацијата, биологијата, па дури и комедијата. Следниве актерки, водачи и пронаоѓачи се само дел од жените кои нè инспирираа низ историјата.

Коко Шанел

Француската дизајнерка Коко Шанел имала големо влијание врз светската мода. Откако научила да шие според инструкциите на нејзините роднини и ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки, таа развила посовремен пристап кон модата, вклучувајќи креирање на едноставна, но сепак елегантна облека.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Фрида Кало

Позната по своите надреални, понекогаш дури и прогонувачки автопортрети, мексиканската сликарка Фрида Кало е симбол на мексиканското традиционално наследство и на феминистичкото движење. За жал, јавноста го препозна нејзиниот талент неколку години по нејзината смрт.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Марија Кири

Една од најпознатите жени-научници во историјата, полската физичарка и хемичарка Марија Кири е првата жена која добила Нобелова награда и единствена која била два пати наградена за нејзините достигнувања во областа на радиоактивноста.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Индира Ганди

Индира Ганди е единствената жена-премиер која најдолго се задржала на премиерското место. Таа, меѓу другото, ги национализирала банките и воспоставила програма за употреба на нуклеарно оружје. Над неа бил извршен атентат додека работела на планот за отстранување на вооружените бунтовници.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Жозефин Бејкер

Американската комедијантка со француско потекло, Жозефин Бејкер, била обичен уличен изведувач пред да почне да настапува во шоу во нејзиниот роден град Сент Луис. Подоцна таа станала првата афро-американска актерка која добила филмска улога.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Амелија Ерхарт

Како авијатичар, Амелија Ерхарт поставила многу рекорди, меѓу кои бил и фактот што таа била првата жена која сама го прелетала Атлантскиот Океан, со што поттикнала многу жени да тргнат по нејзините стапки. Иако таа трагично исчезна обидувајќи се да ја прелета Земјата, сеќавањето на нејзиниот дух денес останува инспирација за многу жени.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Евита Перон

Првата дама на Аргентина, Евита Перон, се залагала за подобрување на работничките права и за правото на глас на жените. Иако таа не била избрана на чело на државата, Ева имала огромно влијание врз народот, кој, пак, толку многу ја сакал што за неа организирал погреб со највисоки државни почести.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

Флоренс Најтингел

Најпознатата медицинска сестра во историјата, Флоренс Најтингел, е одговорна за намалувањето на стапката на смртност за време на Кримската војна, од 42% на 2%. Таа се смета за основоположник на нејзината професија, а нејзината книга „Белешки за медицинските сестри“ служела како основа во нејзиното училиште каде што се образувале идните медицински сестри.

Жени од минатото кои нè инспирираат до ден-денес

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. таа Reply

    а Клеопатра ??

Остави коментар