Жени кои имале искуство со мажи со микропенис

Жени кои имале искуство со мажи со микропенис

Микропенис е термин кој се користи за машки полов орган кој е значително помал од просечната големина. Во случај да налетате на вакво момче, можеби не треба веднаш да бегате или да дигате раце од потенцијалната врска. Некои дами кои имале вакви искуства со момци чии пениси не биле поголеми од само неколку сантиметри, решиле јавно да ги споделат. Нивните искуства се различни, исто и одлуките, а ова се нивните исповеди.

zheni-koi-imale-iskustvo-so-mazhi-so-mikropenis-kafepauza.mk

1. Бев со тип кој имаше минијатурен пенис. Бевме заедно околу година дена. Имавме секс само еднаш, а потоа се држевме до орално задоволување. Всушност, врската ни беше супер!

2. Се запознавме преку Тиндер. Инсистираше да излегуваме повеќе пати, ама мислев дека е само старомоден. Сексот беше малку чуден заради неговата големина, но беше неверојатен во пружање орален секс, така што ми беше многу убаво. На крајот раскинавме, но тоа немаше никаква врска со неговиот пенис.

3. Влегов во врска со дечко кој имаше микропенис, но веќе порано имав искуство со момче со слична големина на пенисот, па си реков да му дадам шанса на овој. Додека претходниот се трудеше да ме задоволи на различни начини, овој не. На крајот одлучив тоа да му го кажам. Тој ме праша дали ми се допаѓал сексот, а јас му реков дека не. Реков дека ништо не почувствував. Тогаш тој ме праша дали мислам дека му е мал. Му реков „да“. А тој се извика „а можеби ти имаш голема вагина“. Си отидов.

4. Првиот човек со кој спиев после разводот беше толку малку надарен што морав на интернет да дознаам дека тоа е микропенис. Ништо не почувствував во текот на сексот, но му дадов шанса. На крајот врската се распадна затоа што беше премногу врзан за мене.

6. Бев со висок тип со големи раце. Очекував дека таков ќе биде и без облека. Не беше. Иако сексот не беше нешто, искуството беше убаво и го повторивме. Мојот совет е да се обидете, не отпишувајте го момчето туку така.

7. Имав секс со тип за кој знам дека една девојка ја забременил. Ми рече да бидам одозгора. Го прашав дали му се дигнал, а тој рече „да“. Тогаш го прашав дали ставил кондом. Рече дека нема да го прави тоа бидејќи од тоа ќе му се спушти. Му реков дека веќе му е спуштен – не беше. Од шок и бес што не сака безбеден секс си отидов дома.

8. Првиот пат кога ги ставив рацете во пантолоните на мојот дечко сфатив дека му е малечок. Беше како половина од мојата дланка, а јас имам мала дланка. Немаше секс, сè направив рачно. Раскинавме, а тоа беше одлучувачки фактор за мојата одлука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар