Желби чие остварување носи несреќа: Од милиони на лото до факултетска диплома

Желби чие остварување носи несреќа: Од милиони на лото до факултетска диплома

Добивањето џек пот најпрво носи огромен наплив на среќа, а потоа голема празнина, па дури и депресија бидејќи веќе нема уживање во предизвиците на животот, предупредуваат стручњаците.

0-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Во старата народна поговорка „пази што посакуваш, може да ти се оствари“, има многу повеќе вистина одошто би очекувале. Она што сега ни изгледа идеално за нашиот живот и силно го посакуваме, може да се претвори во кошмар кога ќе се оствари. Да имаме сон и да го живееме звучни идеално, но да бидеме реални…

Ова се 8 примери за некои од најголемите животни желби кои на крајот можат да нè уништат.

1. Добивката на лото ја цица среќата

Сметката во банка ќе ви биде полна, но емотивно ќе бидете празни бидејќи ќе можете да си купите сè што ќе посакате. Затоа ќе се изгуби чувството на возбуда и среќа кое го чувствуваме кога ќе си купиме нешто што долго време сме го посакувале.

1-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

И самото играње игри на среќа дава одредено задоволство, па дури и кога не добиваме ништо. На пример, уплаќате ливче за 50 денари. За тие пари уживате во фантазирањето што би направиле доколку добиете за 7 дена од сега.

Според тоа излегува дека тие 50 денари се малку пари за 7 дена безгрижно патување во светот на фантазијата. Истражување од 1979 година покажало дека добитниците на игри на среќа не се посреќни од оние кои само играат и никогаш не добиваат. Добитниците дури признале дека помалку уживаат во секојдневните работи, дружењето со пријателите, читањето списанија, добивањето комплименти и сл.

Ако некој освои џек пот најпрво ќе го зафати голем наплив на среќа, односно еуфорија. Кога тоа ќе спласне, повеќе никогаш ништо нема да може да го надомести тоа чувство бидејќи тој ќе бара нешто повеќе, посилно, поинтензивно. На крајот доаѓа до чувство на празнина и депресија.

Според истражување спроведено на Универзитетот Харвард, излегува дека посреќни во животот биле оние добитници кои избрале добивката да им се исплаќа во еднакви годишни рати за разлика од оние кои го подигнале целиот износ.

2. Освојувањето сребрени медали унесреќува

Знаете дека сте биле само на чекор до златото за да бидете најдобри во светот, и тоа ќе ве изеде. Иако од оваа перспектива можеби мислиме дека би биле среќни и со сребро, тоа во пракса не е така бидејќи во човековата природа е желбата да бидеме најдобри, најпаметни, најубави. Освојувачите на сребро признаваат дека на крајот тоа го доживуваат како неуспех.

2-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Истражување од 1992 година спроведено меѓу атлетичарите на Олимпијадата во Барселона го покажало интензитетот на воодушевувањето од освојувањето златни, сребрени и бронзени медали. Освојувачите ги оценувале своите чувства со оценки од 1 до 10, каде што 1 претставувало чувство на агонија, а 10 екстаза.

Очекувано, оценките за злато биле многу високи. Освојувањето сребрени медали создало чувство со просечна оценка од само 4,8, во споредба со добитниците на бронзени, кои во просек дале 7,1.

3. Преселбата во странство може да го уништи семејството

Милиони луѓе секоја година мигрираат од една земја во друга во потрага по подобар живот и среќа. За бракот тоа може да биде многу напорно бидејќи сè се менува: културата, начинот на живот, работата, луѓето кои нè опкружуваат…

Често при преселбите во странство еден од партнерите работи и заработува додека другиот останува дома и почнува да се чувствува бескорисно. Ако имате деца, работите стануваат уште полоши.

3-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Студија од 1990 година открила дека дури 40% од семејствата се распаѓаат, најчесто затоа што членовите не можеле да се навикнат на новите промени. За постарите деца може да биде многу тежок период од животот. Тие немаат пријатели, опкружувањето на училиште е ново и непознато… Тогаш им паѓа самодовербата и постануваат несигурни во својата иднина.

4. Заработката на милиони во сопствена фирма води до депресија

Кон крајот на 1990-тите, голем број луѓе кои направија богатство на интернет постанаа депресивни. Иако постојат повеќе теории зошто е тоа така, најреална е онаа дека луѓето сакаат да чувствуваат напредок во животот.

4-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Но, ако преку ноќ постигнат огромен успех, понатаму во животот нема да им се случува ништо што може тоа да го надмине. Тогаш почнуваат да се чувствуваат бескорисно и несреќно. Ќе се изолираат од луѓето токму заради огромното богатство. Најлошо е кога тоа ќе се случи пред 40-тата година од животот.

5. Постанувањето извршен директор носи огромен стрес

Многу вработени, додека го гледаат својот шеф, знаат колкава е неговата плата и опсегот на неговите привилегии посакуваат да бидат на негово место. Сè додека не искусат како е да се биде на врвот на компанијата, мислат дека тоа не носи ништо освен голема среќа.

Животот на многу директори на фирми е празен и осамен. Семејствата им се распаѓаат бидејќи повеќе време поминуваат на работа одошто дома, па се оддалечуваат од оние со кои би требало да бидат најблиски. Освен тоа, одговорноста на работа е толку голема што ретки се оние кои можат да се носат со тоа ниво на интензивен стрес, а притоа да не се почувствуваат последиците.

5-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Податоците собрани помеѓу 1957 и 2004 година покажуваат дека жените на високи позиции почесто запаѓаат во депресија од оние на пониските.

6. Животот на село води до осаменост и депресија

Додека сме опкружени со градските гужви, бучавата и стресот, сонуваме за преселба на некое мирно место каде што животот е потивок, а темпото побавно. Но, животот на село, наместо задоволства, може да донесе депресија.

7-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Неодамнешна студија спроведена на Универзитетот Мичиген открила дека белите жени од руралните средини почесто патат од депресија и нарушување на расположението од оние во градовите. Кај жените со темна кожа пак било обратно. Тие биле посреќни на село, а подепресивни во градовите.

Стручњаците тоа го објаснуваат со тоа што темните жени во текот на животот на село имаат многу повеќе пријатели, се дружат со соседите и слично. Од друга страна, белите жени на село се осамени и се чувствуваат претрупани со работа и обврски.

7. Забременувањето може да ги уништи вашите перспективи за вработување

За многумина, нема ништо поубаво од скрасувањето со партнерот од соништата и планирањето семејство. Мајчинството е убава работа, и тоа сите го кажуваат, но испуштаат да кажат дека на тој начин жените добиваат и помали шанси за вработување.

6-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Според извештај од 2014, вработените жени кои планирале да забременат често биле уназадени, присилени да земат неплатен одмор или дури и отпуштени.

Едно британско истражување открило дека половина од бремените жени чувствувале дека биле дискриминирани, а 30.000 тврделе дека биле присилени да ги напуштат своите работни места.

Дури и кога ќе го росите детето, проблемите може да не се сè уште завршени. Студиите покажуваат дека кариерните жени кои станале мајки губат околу 5% од платата за секое дете што го имаат. Имањето дете можеби е убава работа за домашниот живот, но може да биде катастрофа за професионалниот.

8. По дипломирањето животот станува полош, не подобар

Додека одиме на факултет, ни се чини дека најубав период од животот ќе ни биде моментот кога ќе завршиме и кога конечно ќе дојде тоа чувство на ослободување од обврската постојано да учиме. Но, таа слобода е со краток век. Следува потрага по работа, плаќање сметки, семејни обврски.

8-zhelbi-chie-ostvaruvanje-nosi-nesrekja-od-milioni-na-loto-do-fakultetska-diploma-kafepauza.mk

Некои луѓе по завршувањето на образованието паѓаат во депресија бидејќи сфаќаат колку е животот всушност тежок. Тогаш се присетуваат на животот додека биле на факултет и посакуваат повторно да седнат во клупа и да бидат безгрижни како тогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар