Зелен и Бит-пазар во азиски стил

Кога луѓето од Југоисточна Азија сакаат да одат на Зелен или на Бит-пазар за да си купат свеж зеленчук, тоа го прават на пазари кои се малку поразлични од оние што ние ги познаваме. Тоа честопати се пловни пазари, каде што тезгите се сместени во чамецот на продавачот.

Зелен и Бит пазар во азиски стил

Пазарот Дамноен Садуак во Рачабури, Тајланд

Овој концепт потекнува од периодот кога во овој регион чамците биле главно превозно средство, а денеска е голема туристичка атракција која на посетителите им дава чувство дека се некаде далеку од дома. Пловните пазари се среќаваат главно во Тајланд, Виетнам, Мјанмар, Индија, Индонезија и околината, а помалку во други земји.

Зелен и Бит пазар во азиски стил

Пазарот на езерото Дал во Сринагар, Индија

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар