Здраво Европа!

Тројца млади момци од Белгија дошле до една многу интересна идеја – да ја поврзат цела Европа. Тоа сакаат да го сторат со тоа што ќе постават големи екрани 6 на 2 метри, во централните места на главните градови на државите низ Европа. Постојано, два екрани во два различни градови ќе бидат поврзани. Па така, доколку стоите пред едниот екран, ќе имате можност да го видите и чуете оној којшто стои пред другиот екран, како тој или таа реално да стои пред вас. На секои 30 минути екранот ќе се менува, па така секој од нас ќе има можност постојано да „посетува“ различни држави и да се запознава со различни култури.Здраво Европа!Ваквата технологија ќе понуди безброј можности за комуникација и забава помеѓу народите. Членовите на тимот, Senne Dehandschutter, Majd Khalifeh и Mathias Brouns, дури веруваат дека со ваквите екрани со камери ќе биде олеснето комуницирањето помеѓу членовите на Европскиот Парламент, без да се прават трошоци. Почнувате да размислувате на можностите? Замислете, ќе имаме прилика да пиеме кафе со цела Европа!

Момците сѐ уште собираат лајкови и твитови од Цела Европа, со цел да можат да убедат голем спонзор да донира пари за нивниот креативен проект т.н. „Hello Europe“. Да стискаме палци да успеат и да ни стават еден екран и на скопскиот плоштад. Слушнете ги сите нивни идеи во видеото:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. енна Reply

    Нешто не им е многу оригинална идејата. Ваквиот проект беше дел од еден филм со научнофантастична содржина…

Остави коментар