Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Доколку сте љубител на криминалистичкитe приказни, особено на оние базирани на вистински настани, веројатно веќе сте чуле за некои од најпознатите сериски убијци во историјата како што се Тед Банди, Зодијак и Џек Мевосек. Но, постојат и други помалку познати сериски убијци кои се исто толку застрашувачки како и оние светски познатите. Во продолжение прочитајте нешто повеќе за нив, но ве предупредуваме дека потоа тешко ќе можете да заспиете…

Ричард Чејс: Вампирот од Сакраменто (The Vampire Of Sacramento)

Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Веројатно мислите дека прекарот на Чејс ви кажува сѐ што треба да знаете за убиствата што тој ги имал извршено. Но, поимот „вампир“ ни одблизу не го опишува неговото бизарно однесување. Роден во 1950 година, Чејс бил многу параноичен и мислел дека го следат нацисти и дека мајка му се обидува да го отруе. Сметал дека единственото решение на неговите проблеми е консумацијата на свежа крв. Во раните 70-ти Чејс ги извадил од памет неговите цимери поради неговата навика да убива животни и да ги блендира нивните внатрешните органи за да може да ги испие, а понекогаш додавал и малку Кока-кола за да го заслади коктелот.

Во 1975 година, откако неговиот обид да си инјектира свежа крв од зајак завршил неуспешно, тој бил сместен во психијатриска болница каде што останал една година. По неговото излегување тој живеел сам и бил сопрен од страна на полицијата поради тоа што се шетал околу соседството целиот извалкан со крв, а во неговиот камион била најдена кофа полна со плазма. Но, се открило дека се работи за крв од крава и затоа не бил уапсен.

Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Првото убиство на Чејс немало никаква врска со крвта. Имено, тој застрелал човек од неговиот автомобил. Потоа тој почнал да провалува во домови, но ако вратата била заклучена, се повлекувал бидејќи верувал во тоа дека отклучените влезни врати се знак дека му е судено да влезе во домот, а заклучените значеле дека не бил добредојден. Во 1978 година тој го извршил првото убиство на овој начин и убил млада бремена жена. Наводно ја испил нејзината крв и изел делови од нејзиното тело.

Подоцна истата недела, Чејс ги извршил последните убиства, односно убил жена, нејзиниот син, внук и куќен пријател, и исто така ја консумирал нивната крв и делови од телото. Иако неговите дела воопшто не се разумни, Чејс бил прогласен за доволно психички нормален за да помине низ судење и бил осуден на смртна казна. Но, смртната казна никогаш не се спровела на дело, бидејќи тој се самоубил во затвор во 1980 година.

Гордон Стјуарт Норткот: Убиецот од Вајнсвил (The Winesville Chicken Coop Murders)

Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Норткот одгледувал кокошки на неговиот ранч во Вајнсвил, Калифорнија. Кога имал 19 години тој ги убедил сестра му и зетот да го испратат нивниот 13-годишен син Сенфорд Кларк за да му помогне при одржувањето на ранчот. Но, кога постарата сестра на Кларк, Џеси, дошла да го провери 2 години подоцна, дознала дека Кларк воопшто не работел, туку гледал како неговиот вујко киднапира, сексуално злоупотребува и убива мали момчиња. Тој се плашел за неговиот живот.

Џеси се вратила дома и ја пријавила ситуацијата во полиција. Полицајците успеале да го спасат Кларк, додека Норткот побегнал заедно со неговата мајка, Сара Луис Норткот. Набрзо, тие биле фатени и уапсени во 1928 година.

Сенфорд Кларк тврдел дека Гордон Норткот убил најмалку 4 момчиња, Сара Луис понекогаш му се придружувала, но дека и тој понекогаш бил принуден да учествува во убиствата и да му помага на вујко му. Кларк ги опишал гробовите на ранчот кои полицијата потоа ги нашла и открила дека не содржат целосни тела, туку делови од телата на убиените деца. Иако Гордон бил осуден поради 3 убиства (мајка му го признала четвртото), некои веруваат дека тој е одговорен за најмалку 20 убиства. Мајка му била осудена на доживотен затвор, а тој добил смртна казна и умрел на бесилка во 1930 година.

Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Убиствата на Норткот се поврзани и со еден бизарен историски настан кои немаат никаква врска со него. Имено, една од неговите жртви, Волтер Колинс, бил предмет на измама која е премногу бизарна за да биде вистинита. Откако Колинс бил киднапиран од страна на Норткот, друго момче се појавило и тврдело дека е Валтер Колинс. Откако неговата мајка, Кристин Колинс одрекувала дека тоа момче е нејзиниот син, завршила во психијатриска болница. По кратко време, нејзиниот „син“ признал дека тој успеал да побегне и дека неговото вистинско име е Артур Хачинс Џуниор. Приказната за Колинс била претставена на филмското платно во 2008 година со Анџелина Џоли во водечката улога во филмот „Замена“ (Changeling).

Џозеф Насо: Азбучниот убиец (The Alphabet Murderer)

Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Во 1970 година се случиле две серии на убиства во два различни дела од Америка меѓу кои постоеле неверојатни сличности. Имено, во Њујорк биле убиени три девојчиња чии имиња и презимиња почнувале на истата буква: Кармен Коло, Мишел Маенѕа и Ванда Волковиц. Иницијалите на секоја жртва исто така играле голема улога во тоа каде било оставено телото. Секое девојче било најдено во близина на област чие име одговарало на нејзините иницијали: Кармен во близина на Чиле (Carmen, Chili), Ванда во Вебстер и Мишел во гратчето Маседон. Убиствата сѐ уште се сметаат за нерешени.

По неколку години некој друг почнал да убива возрасни жени со исти иницијали во Калифорнија: Роксен Рогаш, Кармен Колон, Памела Парсонс и Трејси Тофоја. Иако во њујоршките азбучни убиства немало осомничени, во 2010 бил уапсен постар човек по име Џозеф Насо кој се сметал за одговорен за калифорниските злосторства. Тој пораснал во Њујорк и работел како фотограф кој често патувал од Калифорнија во Њујорк. Првично полицијата го следела поради мала кражба од локална продавница, но благодарение на рутинската проверка биле најдени голем број фотографии од жени, многу од кои биле онесвестени или мртви, а неколку биле врзани со јаже. Освен тоа, биле пронајдени возачки дозволи, пасоши и слично кои припаѓале на различни жени, како и тетратки полни со морничави описи на жени, места и напади.

„Девојка во шумите на Бафало. Беше многу убава. Предно седиште во автомобил. Морав прво да ја онесвестам. 1958.“

Во домот на Насо била откриена и соба затворена со метални решетки и брава која можела да се отвори само однадвор, како и мал отвор за пренесување работи. Насо бил осуден на смртна казна за убиствата на 4 жени во 2013 година, но многумина веруваат дека е одговорен за многу други напади и убиства, вклучувајќи ги и оние во Њујорк (иако отпечатоците од тие убиства не одговараат на оние на Насо). Насо моментално е во затвор и продолжува да тврди дека е невин.

Дин Корл: Шеќерко (Candy Man)

Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Изненадувачки е тоа што убиствата на Корл не се толку познати денес, бидејќи неговите злосторства на најмалку 28 момчиња тинејџери во Тексас се сметале за најлошиот злочин во американската историја во периодот од 1970 до 1973 година. Семејството на Корл имала фабрика за благи работи во Хјустон. Тој многу често вработувал млади момчиња од градот и редовно давал слатки на сите луѓе што ги познавал.

Тој почнал да малтретира едно од децата, 12-годишниот Дејвид Оуен Брукс, кој изјавил дека Корл го поддржувал емоционално и финансиски, но и дека му бил како татко. Брукс заедно со уште едно момче, Елмер Вејн Хенли, му помагале на Корл со неговите убиства. Брукс и Хенли добивале по 200 долари за секое момче што ќе го намамат во неговиот дом. Многу од жртвите биле момчиња од соседството. Тој ги намамувал кај него дома со помош на алкохол и дрога, потоа ги врзувал, мачел и сексуално ги злоупотребувал. На крајот ги убивал. Понекогаш ги принудувал да напишат писмо до нивните семејства пред да ги убие за да им кажат дека се на безбедно. Локалната полиција ги игнорирала нивните исчезнувања и им велела на семејствата дека нивните синови едноставно избегале од дома.

Во 1973 година Брукс заминал со неговата девојка и останал само Хенли. Хенли донел двајца пријател кај Корл и изгубил свест поради дрогата и алкохолот. Откако се разбудил видел дека и тој како и неговите пријатели бил врзан. Корл му кажал дека ќе го убие затоа што во неговиот дом донел девојка, а потоа му кажал дека ќе го поштеди ако Хенли ја силува и убие пријателката. Веднаш потоа Хенли го убил Корл. Хенли викнал полиција и ја признал неговата улога во убиствата. Брукс исто така се предал. Хенли и Брукс моментално служат доживотна затворска казна поради нивниот удел во убиствата.

Дени Ролинг: Косачот од Гејнсвил (The Gainesville Ripper)

Застрашувачки сериски убијци за кои веројатно никогаш не сте чуле

Дени извршил најмалку 5 убиства на студенти со тоа што провалил во нивните домови, ги нападнал, врзувал, сексуално ги злоупотребувал и потоа ги бодел до смрт по што ги местел нивните тела во бизарни позиции. Сето тоа се случило во август, 1990 година. Медиумите најпрво обвиниле еден студент кој претрпел деформитет предизвикан од несреќа и имал проблеми со менталното здравје. Ролинг бил уапсен подоцна поради грабеж, но полицајците ја поврзале неговата ДНК со онаа која останала во домовите на жртвите на Косачот. Полицијата исто така нашла и аудио дневници во кои Ролинг зборувал за неговите злочини.

Ролинг бил осуден на смртна казна и умрел од смртоносна инјекција во 2006 година. Можеби никогаш претходно не сте чуле за него, но најверојатно сте го гледале филмот што е базиран на неговите убиства – „Врисок“ (Scream). Наводно, Кевин Вилијамс бил делумно инспириран да го напише сценариото за „Врисок“ откако слушнал за убиствата на Ролинг.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар