Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

Милиони различни приказни почнаа да се шират ширум интернетот, да се менуваат и делат, па како што поминува времето така сè поголем број луѓе ги откриваат. Со векови урбаните легенди се шират во различни култури, најчесто од уста на уста. Поради тоа, легендите се менуваат и искривуваат со текот на годините. Но, благодарение на интернетот се повеќе морничави приказни шират страв и трепет, допирајќи дури и до најскриените агли на планетата. Погледнете ги 5-те најстрашни и најморничави приказни кои можат да се најдат во овој момент на интернет…

1. Чувари

(1) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

Станува збор за серија приказни кои се поврзани со претпоставката дека постојат 253 скриени нешта, кои откако ќе се соберат на едно место, светот ќе се уништи. Приказните се напишани како упатства за наоѓање на овие нешта, како и нивните „чувари“, кои стануваат сè поморничави како што ќе ги читате понатаму.

2. Слендерман

(2) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

Слендерман е безлична издолжена фигура која најчесто е прикажана преку слики и приказни за личност која киднапира деца. Чудниот вонземјански странец лута по игралиштата и школите каде што има многу деца. Тој се појавува во позадината на фотографиите, најчесто незабележан од страна на родителите.

3. Деца со црни очи

(3) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

Овие ѓаволски деца имаат црни очи исто како нивната душа. Тие секогаш се движат во пар и ги замолуваат луѓето да ги пуштат во своите домови или автомобили. Кога тоа ќе се случи и тие влезат внатре, започнува да се случува огромен хорор и терор.

4. Чудовиште со очи кои светат

(4) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

Луѓето наводно многу често наидувале на ова суштество кое многу наликува на Голум и има големи, светли и упадливи очи. Оние кои го виделе тврдат дека има долги и тенки канџи, и градба како скелет. Наводно, почнало да биде забележувано во 2003 година во североисточниот дел на Америка.

5. Убиецот Џеф

(5) Застрашувачки интернет урбани легенди: Морничави приказни кои шират страв и трепет

Џеф често се опишува како блед полу човек со црни очи. Тој ползи на сите четири и држи месарски нож. Ако видите суптилен блесок светлина надвор од вашиот прозорец, тоа најверојатно е Џеф, кој чека да ве нападне.

Ако ве интересира нешто повеќе за овие легенди и почнете да истражувате на интернет, очекувајте да налетате на многу различни верзиии, секоја позастрашувачка од претходната…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар