Застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови

Застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови

Не се сите инсекти на оваа листа бубачки. Бубачките, од научна гледна точка, се мали инсекти со мали усни кои наликуваат на клун, како што сте болвите. Пајаците, полжавите и осите на некој начин не се бубачки. Но да не должиме со дефиниции… Погледнете ги следниве факти за бубачките што ќе ги потврдат вашите причини за страв од нив!

(1)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mk

1. Постои вид оси кои можат да ги контролираат мозоците на лебарките

Овие оси ги боцкаат лебарките на одредено место на мозокот и потоа ги контролираат нивните рефлекси за бегање. Тие ја водат лебарката до своето осило користејќи ја нејзината антена како водич, а потоа ги положуваат своите јајца во нејзиниот абдомен. Без функционални рефлекси за бегање, лебарката останува во осилото додека не се изведат јајцата, а потоа ларвите се хранат од нејзините органи.

2. Некои видови лебарки живеат и по неколку месеци без глава

За разлика од луѓето, лебарките имаат отворен циркуларен систем со мал притисок, па отстранувањето на главата нема да резултира со смрт. Многу од функциите на лебарките не се централни, па тие можат да дишат и без глава, како и да ги задржат потребните рефлекси за движење.

(4)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mk

3. Понекогаш бубамарите се канибали

Ларвите на бубамарите имаат поголеми шанси за преживување и развивање ако ги изедат нивните „неродени“ роднини.

4. Пчелите имаат два стомаци

Едниот е за храна, а другиот служи за нектар.

5. Пајаците имаат 8 нозе…

И кога се движат, 4 од нив се секогаш допрени на земјата, додека останатите 4 се во воздух.

(2)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mk

6. Тарантулата ги раствора своите жртви со отров

Тарантулите им инјектираат отров на своите жртви што ги парализа. Потоа ензимите во отровот го распаѓаат телото и го претвораат во течност.

7. Но, отровот на тарантулата не е опасен за луѓето

Отровот на овие пајаци не е поопасен за луѓето од оној на пчела или оса, освен ако не сте алергични. Ако чувате тарантула како милениче, постои поголем ризик да ви се направи осип од влакната на нејзиниот стомак.

8. Мрежата на пајаците е наелектризирана

Пајаковата мрежа се „движи“ кон жртвата бидејќи пајакот ја покрива со електростатичен лепак кој се движи кон сите наелектризирани честички.

9. Полжавите може да се издолжат 20 пати од нивната должина

Токму оваа особина им овозможува да поминуваат и низ најмалите отвори.

10. Гасениците имаат само 6 нозе

Гасениците многу често имаат и мали лажни нозе кои се многу кратки. Тие им помагаат да ги поткреваат своите тела, но не ги користат за одење.

(3)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mk

11. Молците немаат уста и дигестивен систем

Молците имаат животен век од само 7 до 10 денови. Нивната единствена цел во животот е да се размножат.

12. Еден вид молци имаат мртовечки череп на абдоменот

Покрај овој морничав украс, овие молци испуштаат многу висок звук кога се иритирани.

13. Црвите немаат очи, уши и бели дробови

Но, тие имаат 5 срца и 1 црево. Со други зборови, тие се мускулесто црево што пулсира.

(5)zastrashuvachki-fakti-za-bubachkite-koi-kje-gipotvrdat-site-vashi-stravovi-kafepauza.mk

14. Полжавите се гастроподи

Ова име буквално значи „стомак стапало“. Значи тие се едно многу лигаво стапало.

15. Скорпиите имаат многу бавен метаболизам

Некои видови скорпии не јадат по цела година. Нивниот лов најчесто се состои од чекање, па трошат многу малку хранливи материи.

Кога сме веќе кај инсекти, погледнете и како да ги препознаете најчестите убоди од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар