Заспаното бебе и преслатките мали булдози

Заспаното бебе и преслатките мали булдози

Првата работа што ќе ја направите кога ќе ги погледнете овие фотографии, е испуштање милозвучен крик „оооооо“! Вака реагираше целата публика на интернет ширум светот, благодарение на тетката на бебето Остин, Синди Кларк која живее во Пенсилванија.Неодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиНеодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиТаа решила да ги сподели овие неодоливо слатки фотографии од нејзиното тримесечно внуче, заедно со уште три мили кутриња, стари само три седмици. Набрчканите мали тела на кутрињата, стуткани едно во друго се премногу слатки за да се опишат со зборови, но кога тие ќе се оптегнат врз толку убавко бебе, глетката едноставно станува послатка од шербет! 🙂 Неодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиНеодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиОваа колекција фотографии од Остин со неговите три пријателчиња, дефинитивно ќе му го разубават денот на секој од вас. Тие веќе се забележани од огромна публика ширум светот на интернет, која сака да види уште повеќе од оваа радост за очи. И покрај тоа што овие кутриња се посвоени откако биле направени фотографииве во ноември, сепак среќната тетка Синди, ветила дека планира друга фотосесија со нејзиниот внук и ново легло кученца.Неодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиНеодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиНеодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиНеодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдозиНеодоливо бебенце се гушка со три малечки француски булдози


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар