Запознајте ја Мими – мечката што сака јога

Честопати се зачудуваме кога ќе слушнеме дека животните прават работи кои се невообичаени за нив, како на пример кога вежбаат јога. Родена во финската зоолошка градина Атари, Мими е убава кафена мечка која секое утро практикува јога. Има три 2-годишни мечиња, па истегнувањето со јога-вежби го прави за да има поголема агилност при ловењето храна за нејзините малечки.Запознајте ја Мими: мечката што сака јогаИако денот кога овие слики се направени бил претерано топол, тоа не ја сопрело Мими да си ги направи своите вежби. Ова е невообичаено поради тоа што во топлиот период од денот сите животни одмараат и се засолнуваат од Сонцето, но со Мими тоа не е случај. Таа ја одржува секоја позиција 2 минути, а потоа преминува на следната.Запознајте ја Мими: мечката што сака јога.

Фотографот Мета вели: „Мими прави три пози. Најпрво со левата шепа ја држи левата нога, па потоа со десната шепа, десната нога. Понекогаш и двете нозе ù се кренати, па таа со шепите ги одржува подигнати. Додека јас бев таму, таа го правеше тоа 15 минути.“

Запознајте ја Мими: мечката што сака јогаЗапознајте ја Мими: мечката што сака јогаОвие јога потези, Мими најверојатно ги научила од нејзината мајка. Чуварите на зоолошката градина никогаш не ù покажувале слични чекори. Таа исто така им покажува јога позиции на своите малечки, но иако тие не се во најдобра форма, убаво е да се види дека се трудат.Запознајте ја Мими: мечката што сака јога


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. mimi Reply

    Zgodna meca e! :))) srcka

Остави коментар