Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

Стереотипите се создадени да бидат скршени! Токму тоа ни го покажува и оваа балерина што станала онлајн ѕвезда откако се појавило видео од нејзините талентирани движења. Лизи Хауел, која има само 15 години, споделила видео од себеси додека вежба серија комплицирани балетски движења и од тој момент целиот свет дозна за неа. Таа изгледа како со леснотија да прави дури 11 вртења, завршувајќи со низа пируети. Многумина веќе ја сметаат Лизи за пример на сите жени, без разлика на нивната големина и возраст, токму поради нејзината самодоверба и убавина.

(1) Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

Таа редовно споделува фотографии и видеа од нејзините танцови кореографии на Инстаграм и Фејсбук, но токму ова видео било тоа што инстантно ја вивнало меѓу ѕвездите. Десетици илјадници луѓе го гледале неверојатниот клип со воодушевување и се инспирирале и самите да тргнат во својата дотогаш навидум невозможна мисија.

Лизи изјавила дека почнала со танцување кога имала само 5 години, а покрај балетот, таа земала часови и за џез и степ танцување. Тренира 4 дена во неделата и претходниот месец учествувала во локалната продукција на Оревокршачка.

„Моето видео беше споделувано низ целиот свет, што е навистина голема работа за некој што живее каде што сум јас“, вели таа.

(2) Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

Ненадејната онлајн слава ѝ помогнала на Лизи да собере повеќе од 60.000 следбеници, а нејзиното видео било прегледано 200.000 пати само на Инстаграм. Многумина се инспирирале од тоа што го виделе, па ѝ пишале дека таа е неверојатна, додека останатите едноставно останале без зборови од нејзините способности.

(5) Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

„Уживав во повеќето од коментарите кои велеа дека сум инспирација за луѓе од сите големини. Навистина ми се допадна да ме нарекуваат инспирација, бидејќи тоа прави да се чувствувам подобро за себе и за тоа што го правам“, објаснува Лизи. „Од друга страна пак, не ми се допаѓа кога луѓето велат дека не им се верува дека сум подобра од нив. Тоа укажува на верувањето дека луѓето со прекумерна тежина не знаат да танцуваат, па длабоко ме повредува. Не треба да биде важно колку тежам, единственото нешто што треба да се гледа е мојата страст за танцување. Јас се обидувам да изгубам тежина. Знам дека тоа ќе ме направи подобар танчар, како и поздрава личност. Но, тешко е!“

(3) Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

Лизи исто така споделила и дека добила многу негативни коментари, но поголемиот дел од времето успевала да се смее на злобните забелешки од овие луѓе. Таа вели дека еден од најсмешните коментари што ги добила бил: „Деца, еве како се создаваат ураганите.“ Откако таа и нејзината тетка со која живее, го прочитале коментарот, се смееле десетина минути пред да одговорат: „Да не мислиш на торнадо?“

(4) Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

Талентираната балерина вели дека смеењето ѝ е најдобриот начин да се справи со негативноста, но сепак понекогаш се појавуваат и коментари што длабоко ја повредуваат, како еден што гласел дека требало да добие рак. Но, дури ни тие не ја спречуваат во својата мисија да се обиде да им помогне на сите оние што се наоѓаат во слични ситуации како таа, целосно да го искористат својот потенцијал.

(7) Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

„Мора да работите дупло повеќе од останатите, но на крајот сè ќе се исплати и ќе им докажете на ‘хејтерите’ дека не биле во право. Правете го она што го сакате и не дозволувајте никој и ништо да ве спречи.“

(8) Запознајте ја Лизи Хауел, балерината што ги руши сите стереотипи

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар